Србија е заинтересирана за „развојот на руската револуционерна вакцина против онколошки заболувања“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград разговараше со руски истражувачи за „развојот на револуционерна вакцина против онколошки заболувања“. „Србија е заинтересирана за овој најнапреден вид терапија и потенцијалната соработка во оваа област со нашите руски партнери претставува огромен чекор кон подигнување на стандардите за дијагностика и лекување во нашата земја“, напиша тој на Инстаграм. […]

Министерот за здравство Алиу прими вакцина против сезонски грип, за вакцинација пријавени се 49.000 граѓани

Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. Првиот ден биле вакцинирани 2.000 граѓани. Околу 49 илјади граѓани досега се пријавени за вакцина против сезонски грип, а набавени се 80.000 дози четиривалентна вакцина од холандскиот производител „Абот“. Вакцинацијата почна на 16 октомври, а пријавувањето […]

Задолжителна исплата на божиќниот бонус од 639 евра во Словенија

Задолжителниот божиќниот надомест на сите вработени во Словенија ќе се плаќа најдоцна до 18 декември оваа година и ќе изнесува 639 евра бруто. Словенечката влада се запозна со предлогот за посебен закон за божиќни додатоци. Економскиот и социјален совет ќе го разгледа законот во наредните денови, изјави вицепремиерот Матеј Арчон по седницата. „Наша желба е […]

Преработувачката индустрија со најголемо учество во бруто додадената вредност

Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25,9 % во бруто-додадената вредност во 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2024 година, 68 889 пазарноориентирани деловни субјекти) реализирале промет од 2 152 867 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 486 170 милиони денари. Најголем промет од 40,2 % реализирале деловните субјекти од секторот […]

Голем месечен пад на индустриското производство во Германија, Еврозоната со намалено индустриското производство

Индустриското производство во Еврозоната се намали за 1,2 проценти во август во споредба со претходниот месец, објави Евростат. Статистичката служба на ЕУ истакнува дека ова е значително полошо од растот од 0,5 проценти во јули, но малку подобро од пазарните очекувања за пад од 1,6 проценти. Производството на капитални добра беше главниот фактор за намалувањето […]

Македонија како регионален пример за балансиран развој на енергетиката и рударството – министерката Божиновска на средби со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор Лондон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на својата работна посета на Лондон, оствари средби со три водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор – Anglo American, Central Asia Metals (CAML) и Pacific Green. Средбите беа фокусирани на унапредување на соработката со британските компании кои се глобални предводници во примената на […]

Тензиите меѓу Кина и САД се главен извор на нестабилност во глобалната економија, предупредуваат од ММФ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес предупреди на „значајни ризици од пад“ за глобалниот економски раст поради новите тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави. Директорот на Одделот за Азија и Пацификот во ММФ, Кришна Сринивасан, изјави дека евентуалното воведување повисоки тарифи и прекини во синџирите на снабдување би можеле да го намалат глобалниот раст за […]

ОПШТЕСТВО | Дејан Азески: Вакцина против рак

Светот се наоѓа на вратата на нов метод на револуционерно лекување на тешката болест која паралелно се развива во повеќе држави. Русија е првата која потврди дека почнува со клинички тестирања и со употреба на т.н. вакцини против рак. Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките тестови и се покажа како безбедна и многу […]

Русија прва почнува со тестирање на „вакцина против рак“ – нова надеж во борбата со болеста

Светот е на чекор до револуционерна промена во третманот на ракот. Русија потврди дека започнува клинички тестирања на т.н. вакцини против рак, по успешни претклинички испитувања кои покажале висока ефикасност и безбедност, со намалување на туморите до 80 проценти. Првичната цел на вакцината е лекување на колоректален рак, а се развиваат и терапии за глиобластом […]

Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК2030

По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ позната како СМАРТ/МК2030 која е патоказ како државата ќе ја оствари дигиталната иднина. СМАРТ/МК2030 е национален документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој. – Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – […]