Челичниот сектор на ЕУ бара локален третман за челикот во законот „Произведено во Европа“

Европската челична индустрија побара Законот за индустриски акцелератор, кој треба да биде претставен следната недела, да се прошири така што ќе го вклучи челикот во рамките на приоритетите за употреба на локално произведени материјали. Според предлогот, „локално“ би требало да се однесува на земјите блиски до ЕУ, како што се Велика Британија и Норвешка, додека […]

Саем на мебел 2026: Инспирација за секој дом – од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“

Од 25 до 29 март, комплексот „Борис Трајковски“ ќе претставува центар на дизајнот, иновациите и современото живеење, каде ќе се одржи Саемот на мебел 2026 под слоганот „Инспирација за секој дом“. Во пет дена посветени на креативноста, функционалноста и трендовите во уредувањето на домот, канцеларискиот простор и јавните ентериери, Саемот повторно ќе ги обедини водечките […]

Кинескиот изведувач добива дополнителни 186 милиони евра, нов анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, краен рок за завршување мај 2027 година

Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај […]

ХРВАТСКА ЌЕ ГРАДИ 20.000 МИКРО-СТАНОВИ ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАПНО ДОМУВАЊЕ, овие „јапонските“ станови се наменети за лица до 30 години

Хрватската држава планира да изгради и реновира 20.000 станови до 2030 година и со тоа да обезбеди попристапно домување. Малите станови би биле наменети за лица до 30 години за период о две години до максимум шест години. За едно лице, големината на микростанот би била 18, а за две лица е предвидена станбена површина […]

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во Македонија. Маркетот во Гевгелија ќе се протега на површина од 2.356 квадратни […]

СОСТОЈБАТА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО ГЕРМАНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ВЛОШУВА, работодавачите планираат понатамошни намалувања на работната сила

Германските работодавци планираат понатамошни намалувања на работната сила, особено во автомобилската индустрија, според новиот февруарски извештај од Институтот за економски истражувања (ИФО) во Минхен. Вредноста на индексот, кој ја оценува подготвеноста на германските компании да вработуваат, падна од 93,4 поени во јануари на 93,1 поен, што укажува на влошување на состојбата на пазарот на трудот. […]

ОПЕК+ разгледува зголемување на производството на нафта во април

Организацијата ОПЕК+ би можела да го зголеми производството за 137.000 барели дневно уште во април 2026 година, со што ќе заврши тримесечната пауза во растот на понудата. Одлуката доаѓа во време на растечки геополитички тензии и приближување на летната сезона, кога глобалната побарувачка за нафта традиционално се зајакнува. Според медиумите, членовите на ОПЕК+ на состанокот […]

НОВОГОДИШНИТЕ БОНУСИ ЈА ПОДИГНАА ПРОСЕЧНАТА ДЕКЕМВРИСКА ПЛАТА НАД 1.000 ЕВРА, двоцифрен раст на платите во Србија во споредба со ноември

Исплатата на новогодишните бонуси и 13-тата плата ја зголемија нето-заработката во Србија за декември на 124.089 динари (околу 1.050 евра). Просечната бруто-плата пресметана за декември 2025 година изнесуваше 169.921 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 124.089 динари, објави Републичкиот завод за статистика. Во споредба со ноември минатата година, нето-заработката е за […]

ГОДИШНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА ПАДНА ПОД ДВА ОТСТО, највисока стапка на инфлација оствари Романија

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јануари 2026 година изнесуваше 1,7 проценти, што е пад во споредба со два проценти во декември, додека годината пред тоа изнесуваше 2,5 проценти, објави Евростат. На ниво на Европската Унија, годишната инфлација во јануари изнесуваше два, во споредба со 2,3 проценти во декември, додека во јануари 2025 година […]

Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март кон компаниите, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

Компаниите коишто во 2023 година уплатија средства во буџетот по основ на Законот за данок на солидарност во март оваа година ќе добијат половина од уплатените средства. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието. „Како што најавивме половина од уплатените 3 милијарди денари ќе […]