ИНТЕРВЈУ | Валентин Пепељугоски: Стопанството има потреба од квалитетен и од специјализиран судски кадар

Владеењето на правото е еден од предусловите за економски раст и развој на една земја. Порано ова звучеше како теоретски постулат, но сега веќе реалноста го наметна како ургентна насушна потреба. За бизнис-секторот она што се нарекува квалитетно судење е сега врвен приоритет и очекување од бизнис-амбиентот. Кој е вашиот коментар за ова? В. Пепељугоски: […]
СЗО: Електронските цигари и тутунските производи сè попопуларни меѓу младите во Европа

И покрај опаѓањето на пушењето тутун, младите Европјани се поттикнати сè повеќе да користат електронски цигари и нови ароматизирани производи со никотин, предупреди Одделот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европскиот регион, пренесе Јуроњуз. Според новиот извештај, 53 земји во Европа и Централна Азија до 2030 година ќе останат дел од светот со најголема потрошувачка […]
КОЛУМНА | ГОРДАН ГЕОРГИЕВ: Или на масата или на менито

Ако веќе на секое врапче на планетава му е јасно дека светот се менува и веќе е променет, претпоставка е дека оваа јаснотија им е јасна и на луѓето во македонската влада кои се одговорни и се должни за спроведување на надворешната политика. Тоа се претседателката и премиерот на државава, министерот за надворешни односи и […]
Плазма спортските игри за деца стануваат дел од нашата држава

Северна Македонија станува дел од Плазма спортските аматерски игри за деца коишто во изминатите години обединија повеќе од два ипол милиони деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари што ќе се одржат во август годинава во Сплит. Иницијативата трае веќе 27 години, а во неа се вклучени деца од Хрватска, Босна […]
Истражување: Вкупно 13,6 отсто од учениците од седмо до деветто одделение во државата користат тутунски производ

Вкупно 13,6 отсто од ученици од седмо до деветто одделение, најчесто од 13 до 15 години, користат некој тутунски производ, покажуваат резултатите од истражување спроведено во 75 училишта во државата во 2024 година, а објавени на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. На темата се обратија министерот за здравство, Азир Алиу, претставникот на Светската здравствена […]
Свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески. Ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителката на Катедрата за македонски јазик проф. д-р Искра Пановска – Димкова. Пригодни обраќања […]
Кинескиот изведувач добива дополнителни 186 милиони евра, нов анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, краен рок за завршување мај 2027 година

Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај […]
НОВОГОДИШНИТЕ БОНУСИ ЈА ПОДИГНАА ПРОСЕЧНАТА ДЕКЕМВРИСКА ПЛАТА НАД 1.000 ЕВРА, двоцифрен раст на платите во Србија во споредба со ноември

Исплатата на новогодишните бонуси и 13-тата плата ја зголемија нето-заработката во Србија за декември на 124.089 динари (околу 1.050 евра). Просечната бруто-плата пресметана за декември 2025 година изнесуваше 169.921 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 124.089 динари, објави Републичкиот завод за статистика. Во споредба со ноември минатата година, нето-заработката е за […]
ГОДИШНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА ПАДНА ПОД ДВА ОТСТО, највисока стапка на инфлација оствари Романија

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јануари 2026 година изнесуваше 1,7 проценти, што е пад во споредба со два проценти во декември, додека годината пред тоа изнесуваше 2,5 проценти, објави Евростат. На ниво на Европската Унија, годишната инфлација во јануари изнесуваше два, во споредба со 2,3 проценти во декември, додека во јануари 2025 година […]
Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март кон компаниите, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

Компаниите коишто во 2023 година уплатија средства во буџетот по основ на Законот за данок на солидарност во март оваа година ќе добијат половина од уплатените средства. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието. „Како што најавивме половина од уплатените 3 милијарди денари ќе […]