Николовски: Царината успешно спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – во фокус спречување нелегална трговија со тутун
Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, успешно откри и спречи обид за шверц на 104 пакети цигари со вкупно 5.200 штеки цигари. Камионот кој бил пријавен како празен на излез од државата на граничен премин Ново село, е селектиран за детален царински преглед. Прегледот е извршен од инспектори од Одделението за оперативни работи […]
Од Скопје до Холандија и САД: Приказната на Снежана Зивчевска-Сталперс за храброст и визија
Животната приказна на Снежана Зивчевска-Сталперс започнува во Скопје, каде што по дипломирањето на Електротехничкиот факултет ја донесува најважната одлука во тој период – да замине во Холандија. „Распадот на поранешна Југославија ги сруши сите мои амбиции поврзани со спортот и професијата. Во Македонија тогаш немаше услови за раст,“ вели таа, во интервју за печатеното издание […]
„Иднината ќе ја водат оние што ја користат вештачката интелигенција мудро“ – Зивчевска-Сталперс за иднината на бизнисот
По две децении во Европа, Снежана Зивчевска-Сталперс денес живее во САД, каде што работи како консултант за дигитална трансформација и иновации. По MBA-студиите во Атланта, вели дека разликите меѓу Европа и Америка се големи, но комплементарни. Во интервјуто во печатеното издание на Економија и бизнис таа вели: „Холандија е повеќе структуирана и аналитична, додека САД […]
БЕСПЛАТЕН ПАКЕТ НА БАНКАРСКИ УСЛУГИ ОД СИТЕ БАНКИ ВО ХРВАТСКА
Од почетокот на 2026 година, сите банки во Хрватска ќе мора да им понудат на своите клиенти целосно бесплатен пакет основни банкарски услуги, што вклучува и водење тековна сметка бесплатно. Бесплатните сметки нема да бидат вклучени автоматски, граѓаните ќе мора сами да го побараат тоа, и тоа за сметката на која ја примаат својата плата […]
ДИНАРОТ СО НАЈСЛАБАТА ВРЕДНОСТ КОН ЕВРОТО ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА
Динарот денес ја промени својата вредност во однос на еврото, а официјалниот среден курс е 117,4155 динари за еврото, што е најслабата вредност на динарот во однос на европската валута од почетокот на годината, објави Народната банка на Србија. Денес, динарот вреди 0,2 проценти помалку отколку пред еден месец, 0,4 проценти помалку отколку пред една […]
ИНТЕРВЈУ | Снежана Зивчевска-Сталперс: Технологијата е моќна но вистинските вредности лежат во човечноста

Госпоѓо Зивчевска-Сталперс, вашата животна и професионална приказна е приказна за упорност, за визија и за верба во можностите. Таа започнува во Скопје, со дипломирањето на Електротехничкиот факултет. Како дојде до тоа да заминете во Холандија? С. Зивчевска-Сталперс: Јас сум од онаа генерација која беше сведок на распаѓањето на поранешната држава Југославија. И, да бидам искрена, […]
Македонскиот јазик и култура на голема врата во образованието во Хрватска
Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување на македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела. Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот […]
Симпозиум на млади лекари во Скопје: Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција
Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција, како и најновите препораки за третман на болестите и идните предизвици во здравството, ќе бидат главен фокус на Симпозиумот на млади лекари што во петок и сабота (5 и 6 декември) ќе се одржува во Скопје во организација на Здружението на лекари специјализанти […]
Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со вицепремиерот задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН, соопшти Министерството за здравство. -Заедно со Министерството за социјална политика, демографија […]
Вики-камп за зголемување на содржините на македонски јазик на Википедија
Овој викенд по седми пат се организира Вики-камп со цел да се создадат нови содржини на македонски јазик на бесплатната интернет енциклопедија Википедија, информираат организаторите од Викимедија МКД – локалниот огранок на Фондацијата Викимедија. Околу 40 учесниците на кампот се собираат од 5 до 7 декември на заедничко уредување, учење, придонесување и дружење на Попова […]