Преполовен бројот на сообраќајни прекршоци снимени од камерите на „Безбеден град“
Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила. „Безбеден […]
Избрани новите директори на „Дрисла“ и на „Градски паркинг“
Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изврши кадровски промени во јавните претпријатија „Дрисла“ и „Градски паркинг“. Поранешен градоначалник на Општина Сопиште, Стевче Трпковски е назначен за нов директор на ЈП „Дрисла“, а за нов директор на ЈП „Градски паркинг“ е именуван Владимир Кроневски, потврдија за МИА од Град Скопје. Овие нови назначувања, како што велат […]
Редефинирање на улогата на технологијата во општеството Годишна конференција на МАСИТ „Recode Reality“
Во Скопје денеска ќе се одржи конференцијата MASIT 2.0 – „Recode Reality”, организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Темата на конференцијата, како што соопштува организаторот, носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието. Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, „Македонија […]
Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ
Претставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас во Европската Унија. Согласно договореното, Регулативата предвидува правно обврзувачка постепена забрана за увозот на течен природен гас (ЛНГ) и природен гас од Русија во земјите на […]
ЦЕФТА не е само регионален трговски механизам, туку наша практична подготовка за членство во Европската Унија, изјави заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествуваше на ЦЕФТА неделата 2025, што се одржа во Приштина, Косово. Настанот, организиран од актуелното косовско претседателство со ЦЕФТА, беше фокусиран на унапредување на конкурентноста, дигиталната трансформација и на постепената интеграција на регионот во Европската Унија. Во своето обраќање, Димитровски, нагласи дека од декември минатата година, […]
„Иднината ќе ја водат оние што ја користат вештачката интелигенција мудро“ – Зивчевска-Сталперс за иднината на бизнисот
По две децении во Европа, Снежана Зивчевска-Сталперс денес живее во САД, каде што работи како консултант за дигитална трансформација и иновации. По MBA-студиите во Атланта, вели дека разликите меѓу Европа и Америка се големи, но комплементарни. Во интервјуто во печатеното издание на Економија и бизнис таа вели: „Холандија е повеќе структуирана и аналитична, додека САД […]
ИНТЕРВЈУ | Снежана Зивчевска-Сталперс: Технологијата е моќна но вистинските вредности лежат во човечноста

Госпоѓо Зивчевска-Сталперс, вашата животна и професионална приказна е приказна за упорност, за визија и за верба во можностите. Таа започнува во Скопје, со дипломирањето на Електротехничкиот факултет. Како дојде до тоа да заминете во Холандија? С. Зивчевска-Сталперс: Јас сум од онаа генерација која беше сведок на распаѓањето на поранешната држава Југославија. И, да бидам искрена, […]
Македонскиот јазик и култура на голема врата во образованието во Хрватска
Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување на македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела. Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот […]
Симпозиум на млади лекари во Скопје: Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција
Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција, како и најновите препораки за третман на болестите и идните предизвици во здравството, ќе бидат главен фокус на Симпозиумот на млади лекари што во петок и сабота (5 и 6 декември) ќе се одржува во Скопје во организација на Здружението на лекари специјализанти […]
Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со вицепремиерот задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН, соопшти Министерството за здравство. -Заедно со Министерството за социјална политика, демографија […]