СО СПОЈУВАЊЕ НА ЛУКСОТИКА И НА ЕСИЛОР СЕ СОЗДАВА ГИГАНТ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ОЧИЛА
Италијанската Луксотика (Luxottica), производител на луксузните брендови очила реј бан (Ray Ban) и оукли (Oakley), и францускиот произведувач на оптички леќи Есилор (Essilor) објавија дека договориле спојување на двете компании. Со тоа на пазарот на очила се создава светски гигант чија проценета пазарна вредност е 46 милијарди евра. Основачот на Луксотика (Luxottica), Леонардо дел Векио […]
БИЗНИС-КОМОРИТЕ НА СРБИЈА И НА МАКЕДОНИЈА ПОБАРАА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ
Претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на средба во Скопје се согласија дека економската соработка меѓу двете земји треба и мора да оди пред политиката и во таа смисла апелираа до владите на двете земји да направат сѐ што е потребно да не се […]
И ПОКРАЈ ПРОТЕСТИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОКТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГО СНАБДУВА ПАЗАРОТ СО ГОРИВО – Изјава на Јанис Геруланос, генерален директор на ОКТА
Политиката на Хеленик Петролеум е да осигура непрекинато снабдување со гориво во секоја земја каде компанијата работи. Исто така и во Република Македонија, преку компанијата ОКТА, го разгледуваме секое релевантно прашање со голема одговорност и чувствителност. Од самото основање на ОКТА, компанијата гарантира и спроведува планови со цел да се осигура непречена работа на пазарот […]
МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА РЕАЛИЗИРАЛЕ 57 ПРОЕКТИ
Инфраструктурни објекти во прекуграничната зона, заштита на заедничкото природно и културно наследство, поволни здравствени и едукативни услуги, подобри услови за бизнис, се дел од активностите од Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, кои беа посочени при презентацијата на резултатите од ИПА-програмата за прекугранична соработка 2007 – 2013 година. Искористеноста на финансиските средства во […]
ЌЕ СЕ ОБНОВУВА ПАТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД НИЗ ЈАСЕН
Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за реконструкција на патот Скопје – Македонски Брод, кој проаѓа низ Резерватот Јасен, со фирмата Ескаватори-МК. Со договорот вреден 101 милион денари треба да се обнови делницата од мостот кај селото Близанско до месноста Калуѓерец, во должина од 14,5 километри. Овој пат и сега функционира, но е во […]
БЛАГ ПАД НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ШТО СЕ ОЧЕКУВА ДА ПРОДОЛЖИ
Според извештајот од Регистарот на цени на Агенцијата за катастар на недвижности, во третиот квартал од 2016 година постои намалување на непродадените станови за 35 и раст на становите кои се во градба од 363 станови, кои треба да бидат довршени и понудени на пазарот на недвижности во споредба со вториот квартал истата година. Според […]
МИСТЕРИОЗЕН КЛИЕНТ ВО МАКЕДОНИЈА
Овој профил кај нас е малку познат, иако е корисен за компаниите кои посветуваат внимание на својот имиџ и сакаат да имаат константно добри резултати во продажбата. Кај нас постојат неколку агенции, но покрај тоа разговарав и со сопственици на бутици на странски брендови во Скопје, кои знаат дека во кое било време може да […]
ЕБОР СЕ ОТКАЖА ОД БОШКОВ МОСТ
Најголемиот финансиер на проектот, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ја откажа финансиската поддршка на Хидроелектраната Бошков мост, која беше планирано да се гради во Националниот парк Маврово. Договорот за заем меѓу ЕБОР и ЕЛЕМ, вреден 65 милиони евра, беше потпишан при крајот на 2011 година. Тогаш беше најавено дека браната и централата ќе […]
ПРОФИЛ: ТАЕН КЛИЕНТ – ВТОРА ЕПИЗОДА
Tерминот кој се користи на глобално ниво е сикрет шопер (secret shopper), тој/таа е скриен сојузник на маркетинг секторот во големите брендови, инспектор, купувач на луксуз, неговата/нејзината задача е да патува на сите континенти, секаде каде што брендот-нарачател има свои бутици. Mисијата е детално да ја скенира продавницата, заедно со сѐ што е добро или […]
ПРОФИЛ: ТАЕН КЛИЕНТ – ПРВА ЕПИЗОДА
Терминот што се користи на глобално ниво е сикрет шопер (secret shopper), тој/таа е скриен сојузник на маркетинг секторот во големите брендови, инспектор, купувач на луксуз, неговата/нејзината задача е да патува на сите континенти. Секаде каде што брендот нарачател има свои бутици, мисијата е детално да ја „скенира“ продавницата заедно со сѐ што е добро […]