НОВА УСЛУГА ВО ВИП – ИНТЕРАКТИВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ДОСТАПНА БЕСПЛАТНО ЗА СИТЕ НОВИ АКТИВАЦИИ НА ВИПКОМБО УШТЕ ОД НАЈНИСКАТА ТАРИФА

Вип го збогатува своето портфолио и со задоволство го најавува воведувањето на интерактивна телевизија со која го зголемува квалитетот на гледање на телевизиските програми. Со интерактивната телевизија корисниците добиваат можност да ја враќаат ТВ програмата наназад 7 дена, и тоа овозможено на дури 50 ТВ канали. Од сега корисниците на интерактивната телевизија ќе ги добијат […]

„ТИКВЕШ“ ИСПЛАТИ НАД 60% ОД СРЕДСТВАТА ЗА ОТКУПЕНОТО ГРОЗЈЕ ОД ПОСЛЕДНАТА БЕРБА

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“исплати близу 63% од вкупната вредност на откупеното грозје. На ваков начин винарницата повторно го надмина законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат […]

ОРГАНИЗАЦИИТЕ „ПОЗАДИ ЗАВЕСАТА“ МУ ДОНЕСОА ГОЛЕМ НАПРЕДОК НА ЧОВЕШТВОТО

Божидар Ночев е, најблаго кажано, интересна личност. Архитект по професија, со семејна револуционерна историја, член на 900 години стариот Витешки орден „Св. Лазар“ и мајстор на Братството Божоле, долги години живеел во Чешката Република и има директни лични заслуги за признавањето на Република Македонија од страна на оваа земја. Со него разговаравме за организациите за […]

АЛИБАБА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ОЛИМПИЈАДАТА

Кинеската компанија за електронска трговија Алибаба потпиша договор со Олимпискиот комитет со кој компанијата стана генерален спонзор на олимпијадите сѐ до 2028 година. Според Блумберг, 12-годишниот договор е вреден преку 800 милиони долари и претставува најголем договор што досега го има склучено Олимпискиот комитет. Со договорот Алибаба добива ексклузивно право за сопствена промоција при организирањето […]

СРБИЈА И БУГАРИЈА ЌЕ ГРАДАТ ГАСЕН ИНТЕРКОНЕКТОР

Министрите за енергетика на Србија и на Бугарија, Александар Антиќ и Теменушка Петкова, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на гасен интерконектор меѓу двете земји. Според Антиќ, во договорот се дефинирани сите детали, пристапни точки, капацитети и сите останати прашања врзани за проектот, кој очекува да влезе во ИПА-програмата на Европската Унија за 2017 година […]

НА ЛОКАЛИТЕТОТ ЛЕПОВО ВО ЧЕСТ НА СВ. ТРИФУН – ЗАКРОЕНИ ЛОЗЈАТА НА „ТИКВЕШ“

Со желби за квалитетен род и добра винска година, во чест на Свети Трифун – заштитникот на лозарите и винарите, се закроија лозовите насади на винарската визба „Тиквеш“. И оваа година се почитуваше традицијата поврзана со празникот на лозарите и винарите со надеж за поволни услови кои ќе овозможат добар род. Чинот на закројување на […]

КИНА ЌЕ ИНВЕСТИРА 360 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Кина планира да инвестира преку 2,4 илјади милијарди јуани (преку 360 милијарди долари) во обновливи извори на енергија до 2020 година. Инвестицијата е во согласност со политиката на Пекинг за намалување на употребата на фосилни горива и борба против загадувањето. Минатата година Кина стана светски лидер во производство на соларна енергија со што го продолжи […]

МЕКДОНАЛДС ГО ПРОДАДЕ БИЗНИСОТ ВО КИНА И ВО ХОНГКОНГ

2,1 милијарда долари вреди договорот со кој кинеската Државна инвестициска група Ситик (Citic) и Американскиот приватен инвестициски фонд Карлајл груп (Carlyle Group) ќе преземат 80 % од бизнисот на американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс (McDonald’s) во Кина и во Хонгконг. Мекдоналдс директно поседува и управува со околу 65 % од своите 2 000 […]

ВЕЛС ФАРГО НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ НА 400 СВОИ ФИЛИЈАЛИ ВО САД

Велс Фарго (Wells Fargo) која е една од најголемите американски банки соопшти дека планира да затвори повеќе од 400 банкарски филијали до крајот на 2018 година. Банката веќе затвори 84 локации во 2016 година. Како најважна причина за зачестеното затворање на банкарските филијали и канцеларии е посочено онлајн и мобилното банкарство, кои сѐ повеќе стануваат […]