Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад за југозападниот и пелагонискиот регион

Во организација на SALAR International, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање денеска четиринаесет градоначалници го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за југозападниот и пелагонискиот регион, соработка која, според министерот за локална самоуправа Златко Перински, се воспоставува заради заедничко вршење на работи од надлежност на општините и остварување […]

„ЦАРИНИ АКО НЕ ЈА ПУШТАТ ВОДАТА ВЕДНАШ“, Трамп му се заканува на Мексико поради сушата во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини Мексико дека се однесува неправедно кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе повисоки тарифи, наведувајќи прекршувања на договорот за вода што им штети на земјоделците во Тексас. Трамп ги објави своите намери на социјалната мрежа, повторно посегнувајќи по своето омилено економско оружје, пишува CNN. „Во моментов, […]

Економист: Која економија беше најдобра во 2025 година?

Можеше да биде многу полошо. Во април, кога претседателот Доналд Трамп ја започна трговската војна, инвеститорите и многу економисти се подготвуваа за остра глобална рецесија. На крајот, глобалниот БДП веројатно ќе порасне за околу 3 отсто оваа година, исто како и лани. Невработеноста останува ниска речиси насекаде. Берзите забележаа уште една година со солидни добивки. […]

Девизните резерви 4,86 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 19 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%).

Трамп одобри извоз на чипови на „Енвидиа“ за Кина, дел од прометот оди кај САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека, под одредени услови, го одобрил извозот на некои чипови од компанијата „Енвидиа“ (Nvidia) за Кина, откако разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој исто така го одобрил чекорот. Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека „Енвидиа“ на американската држава ќе ѝ префрли 25 отсто од прометот […]

Колку ВИ може да стане клучен мотор за нов бран на продуктивност?

Европската Унија со години предупредува дека конкурентноста на нејзината индустрија слабее поради бавниот раст на продуктивноста и недоволната примена на дигиталните технологии. Најновите глобални истражувања јасно покажуваат дека вештачката интелигенција (ВИ) би можела да стане клучен мотор за нов бран на продуктивност, но и дека нејзината употреба низ целиот свет напредува нерамномерно. Во последните две […]

Хрватска следната година пристапува кон ОЕЦД

Хрватска е во последната фаза од пристапувањето кон Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и треба да стане нејзин член следната година, објави премиерот Андреј Пленковиќ во вторник на социјалната платформа X. „Хрватска е во последната фаза од пристапувањето. Ги исполнивме условите во 20 од 25 комитети и во 25 од 26 поткомитети. Направивме […]

МОН воведува нови стипендии – за втор и трет циклус на студии по македонски јазик

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека по воведувањето стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, годинава исто така за прв пат ќе додели и седум стипендии за втор и пет стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот […]

Општина Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад од домаќинствата

Општина Аеродром е прва општина што воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата. Со овој проект, секое пластично шише и пластично пакување ќе има своја вредност, а граѓаните ќе придонесуваат за почисто и поодговорно општество, се наведува во соопштението од Општината. Проектот ќе опфати вкупно 600 домаќинства, а во првата фаза 50 домаќинства […]

Истанбул ја освои Златната награда за најпосакуван европски град од Wanderlust Reader Travel Awards

„Град што изненадува при секоја посета“, е епитетот што го доби Истанбул од читателите на Wanderlust Reader Travel Awards. Ова е годишна манифестација на награди организирана од Wanderlust, една од највлијателните и најреномирани туристички ревии од Велика Британија, чија цел е да ги препознае најпопуларните светски дестинации, градови, региони, острови, како и оператори, авиокомпании или […]