ОВАА ЗЕМЈА ЈА ПРЕЗЕМА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ИЗВОЗОТ НА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВИ

Извозот на Тајван се зголеми за 56 проценти во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи рекордни 64,05 милијарди американски долари, поттикнат од зголемената глобална побарувачка за технологија за вештачка интелигенција (ВИ), соопшти локалното министерство за финансии. Генералната директорка на Одделот за статистика, Беатрис Цаи, ја нарече бројката неочекувано изненадување, наведувајќи го порастот на нарачките […]

Што стои зад апликацијата на Wolt? Компанијата објави нов извештај за алгоритамска транспарентност

Кога нарачуваме ручек или намирници преку апликацијата, ретко се прашуваме кој одлучува кој ресторан или продавница ќе го видиме прво, колку време ќе трае испораката или како се одредува цената. Овие одлуки ги донесуваат алгоритми, а Wolt објаснува како тие функционираат. Секојдневно, кога сè повеќе одлуки, како што се препораки за ресторани или прикажување на […]

ВО ОКТОМВРИ СЕ ОДОБРЕНИ ГРАДБИ НА 1177 СТАНОВИ, најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион

Бројот на одобренијата за градење во октомври 2025 година е зголемен за 22,9 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за […]

„Џенерал моторс“ развива нов тип двотактен мотор за хибридни возила

Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ (ЏМ) поднесе патент за нов тип двотактен мотор што би можел да се користи во хибридни возила. Разликата меѓу двотактниот и четиритактниот мотор е во бројот на работни циклуси, бидејќи двотактниот мотор врши вшмукување и компресија во еден такт, а согорување и издувни гасови во друг, што значи дека […]

ЕДНО ЕВРО СЕ ПРОДАВА ЗА 120 ДИНАРИ, ВРЕДНОСТА НА СРПСКАТА ВАЛУТА ПОД ПРИТИСОК НА ПОГОЛЕМАТА ПОБАРУВАЧКА

Во локалните менувачници во Бујановац вчера едно евро се продаваше за 120 динари, но од менувачниците најавуваат за денеска пробивање на оваа граница поради големата побарувачка. Побарувачката за еврото беше „поттикната“ од сомнежите за судбината на Српската нафтена индустрија. Самата Народна банка на Србија потврди дека во последните две недели има зголемување на побарувачката за […]

ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ОДЛУКАТА НА ФЕД ЗА КАМАТИТЕ, падна цената на златото, берзанските цени со различни трендови

На денешното тргување европските берзански индекси имаа различни трендови, а цената на златото и на пченицата се намалија, додека вниманието на инвеститорите е насочено кон Соединетите Американски Држави, каде што американската централна банка ФЕД ќе ја објави својата одлука за каматните стапки. Аналитичарите проценуваат дека веројатноста за намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави […]

Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со […]

МФ: Собранието го усвои Буџетот за 2026 година – фискална консолидација, поддршка на економијата и редовна исплата на обврските

Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година, којшто е планиран како консолидиран и реален инструмент за одговорно управување со јавните финансии, одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг. Вкупните приходи во Буџетот за 2026 година се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, расходите се планирани на ниво од 414,2 милијарди денари, додека […]

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА -„Cinema Made in Italy” – ревија на современи италијански филмски хитови

Со проекција на филмот „Забранетиот град“ во режија на Габриеле Маинети, снимен оваа година, од денеска до 13 декември ќе се одржува третото издание на „Cinema Made in Italy” – филмска ревија посветена на најголемите хитови на современата италијанска кинематографија. Ревијата е организирана од Cinecittà, една од најважните европски филмски и фотографски архиви, во соработка […]

По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ реализирана и во Охрид

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, денеска ја реализираше својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ и во Охрид, каде што вработените од охридскиот аеродром предводени од Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков заеднички засадија 20 црвени сливи во центарот на градот во […]