Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) потпишаа Меморандум за соработка и јакнење на институционалните капацитети
Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија – СЕKО (SECO) потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за соработка во периодот 2025 ‒ 2028 година. Меморандумот го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер. Соработката опфаќа обезбедување техничка помош и размена на знаење […]
ЕБОР продолжува да ги поддржува зелените инвестиции во Северна Македонија
– Шпаркасе банка Скопје го проширува учеството под Програмата за зелено финансирање – Green Finance Facility во земјата – Кредит од 8 милиони евра од ЕБОР за поддршка на инвестиции во МСП за обновлива енергија и енергетска ефикасност – Програмата за зелено финансирање – Green Finance Facility е програма која е заеднички финансирана од ЕБОР, […]
ЕЦБ ГИ ЗГОЛЕМИ ПРОЦЕНКИТЕ ЗА ИНФЛАЦИЈАТА И ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ
Европската централна банка ги потврди тековните каматни стапки во еврозоната и малку ги зголеми проценките за инфлацијата и економскиот раст за следната година, со акцент на силното влијание на секторот за услуги. Каматната стапка за рефинансирање на банките останува на 2,15 проценти, стапката за депозит преку ноќ на 2,0 проценти, а каматната стапка за кредити […]
Промоција на монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“
Во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) денеска ќе биде промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“. Монографијата излегува од печат во годината кога Македонскиот народен театар слави осумдесет години постоење. – Тоа е издание кое ги слави овие изминати години поминати во креативна работа, развој и успеси. Низ […]
Во Кина издадена македонско-киенска збирка на поезија „Од две страни сонце грее: Современа кинеска и македонска поезија“
Од печат излезе книгата „Од две страни сонце грее: Современа кинеска и македонска поезија“ во издание на издавачката куќа Хуаченг од Гуангџоу, Кина. Станува збор за тројазична (македонски, кинески, англиски) збирка поезија, во која се поместени песни од седум македонски и седум кинески современи автори. Од македонска страна претставени се: Катица Ќулавкова, Влада Урошевиќ, Иван […]
Општина Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад од домаќинствата
Општина Аеродром денеска официјално почна пилот-проект за системска селекција на пластичен отпад од домаќинствата. Во првата фаза ќе бидат опфатени 50 домаќинства, а во наредните фази ќе бидат опфатени вкупно 600 домаќинства кои ќе селектираат отпад од дома. Проектот го промовираа градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и министерот Златко Перински во населба Лисиче. Министерот […]
ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА ЗА 80 ГОДИНИ МНТ – ЈУБИЛЕЈОТ ПРОДОЛЖУВА СО ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ
Во годината кога Македонскиот народен театар одбележува 80 години постоење, денеска во фоајето на театарот свечено беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето”, капитално издание, кое низ документи, сведоштва и лични приказни го заокружува осумдеценискиот континуитет на најзначајна театарска институција во земјава. Настанот обедини бројни уметници и професионалци […]
Србија бележи најнизок мигрантски притисок од 2015 година, расте бројот на економски мигранти
Комесарката за бегалци и миграција на Србија, Наташа Станисављевиќ, соопшти дека во текот на 2025 година во центрите за прием и азил биле регистрирани само 9.500 мигранти. Таа оцени дека ова е најнискиот мигрантски притисок врз Србија од почетокот на кризата во 2015 година. Станисављевиќ истакна дека државата активно им помага на бегалците, внатрешно раселените […]
Eден од четири ученици изјавил дека се коцкал за пари – истражување на ИЈЗ: Дел од младите почнуваат со пушење на 9 години, на 13 прво искуство со алкохол
Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари, а првото искуство со алкохол го имале на 13 години. Ова се дел од наодите од последниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024, што го презентираше денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија. ЕСПАД е најстарата […]
Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки
Во земјава еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование. На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на […]