Без струја делови од Аеродром, Сарај и Сопиште

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Аеродром, Сарај и Сопиште. Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија информира дека од 08 до 09 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Јане Сандански бр.70 во општина Аеродром, а од 10 до 13 часот корисниците од селото Долно Лисиче […]

Одбележани 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со 14 земји

Денес во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со свечен настан беа одбележани 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Северна Македонија со 14 земји: Соединетите Американски Држави, Република Грција, Комонвелтот на Австралија, Кралството Саудиска Арабија, Романија, Република Молдавија, Република Индија, Република Естонија, Украина, Република Казахстан, Монголија, Република Азербејџан, Република Литванија и […]

Дефинирани приоритетите на институциите на ЕУ за 2026 година

Претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска на маргините на Самитот на Унијата во Брисел потпишаа Заедничка декларација со законодавните приоритети на блокот за 2026 година. Законодавните активности усогласени во Декларацијата на кои трите институции се обврзаа […]

Извозот на нафта од Венецуела продолжува и покрај американската блокада

Венецуела вчера соопшти дека нејзините извозни операции се одвиваат нормално, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од земјата. Танкерите поврзани со државната нафтена компанија ПДВСА продолжуваат со своите пловидби „во легитимно остварување на правото на слободна навигација и слободна трговија“, се наведува […]

Ново поглавје за технолошките лидери во Македонија
CTO Executive Conference 2025

На 16 декември 2025 година, во Скопје се одржа првата CTO Executive Conference, организирана од Семос Едукација – стратешки настан посветен на технолошки лидери и ИТ менаџери од Македонија и регионот. Конференцијата ги обедини технологијата, стратегијата и лидерството, отворајќи суштинска дискусија за тоа како ќе изгледа технолошкиот хоризонт до 2027 година и која е новата […]

Бензините поевтинуваат за два денара

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна […]

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА ЗА 80 ГОДИНИ МНТ – ЈУБИЛЕЈОТ ПРОДОЛЖУВА СО ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ

Во годината кога Македонскиот народен театар одбележува 80 години постоење, денеска во фоајето на театарот свечено беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето”, капитално издание, кое низ документи, сведоштва и лични приказни го заокружува осумдеценискиот континуитет на најзначајна театарска институција во земјава. Настанот обедини бројни уметници и професионалци […]

Србија бележи најнизок мигрантски притисок од 2015 година, расте бројот на економски мигранти

Комесарката за бегалци и миграција на Србија, Наташа Станисављевиќ, соопшти дека во текот на 2025 година во центрите за прием и азил биле регистрирани само 9.500 мигранти. Таа оцени дека ова е најнискиот мигрантски притисок врз Србија од почетокот на кризата во 2015 година. Станисављевиќ истакна дека државата активно им помага на бегалците, внатрешно раселените […]

Eден од четири ученици изјавил дека се коцкал за пари – истражување на ИЈЗ: Дел од младите почнуваат со пушење на 9 години, на 13 прво искуство со алкохол

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари, а првото искуство со алкохол го имале на 13 години. Ова се дел од наодите од последниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024, што го презентираше денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија. ЕСПАД е најстарата […]

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки

Во земјава еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование. На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на […]