СЛАБЕЕЊЕТО НА ЕВРОТО ВО ОДНОС НА ЛЕКОТ ГО НАМАЛИ ДОЛГОТ НА АЛБАНИЈА, земјата има најнизок јавен долг

Jавниот долг на Албанија во периодот јануари-јуни годинава е намален за 3 отсто, достигнувајќи најниско ниво во последната деценија, објави албанското Министерството за финансии. – Јавниот долг следеше силна надолна траекторија во текот на 2024 година и на крајот на јуни има ниво од 55,72 отсто. Во конкретни бројки вкупниот долг на крајот на вториот […]

ТЕСЛА ПОВЛЕКУВА 1,7 МИЛИОНИ Е-АВТОМОБИЛИ, поради проблем со отворање на багажникот

Компанијата за електрични автомобили Тесла повлекува од Кина 1,68 милиони возила за да се надогради софтверот за да се реши проблемот со багажникот, кој доколку е отклучен би можел да се отвори во текот на возењето, со што го попречува видното поле на возачот. Во соопштението на кинескиот пазарен регулатор се наведува дека возилата со […]

ИТАЛИЈА ЈА УКИНУВА ДАНОЧНАТА „ФУДБАЛЕРСКА ШЕМА“, богатите странци ќе плаќаат повисок паушален данок

Италија ја зголеми единствената даночна стапка на приходите од странство на новите резиденти, со што зададе финансиски удар на богатите странци кои сакаат да ја избегнат можноста од плаќање на повисоки даноци во другите делови на Европа. Италијанската влада во средата го одобри зголемувањето на годишниот паушален данок за странците на 200.000 евра од досегашните […]

СТЕЧАЈОТ ТРОПНА НА ПОВЕЌЕ ГЕРМАНСКИ ФИРМИ, во јули зголемен бројот на несолвентни компании

Германија во јули годинава се соочи со неочекуван пораст на инсолвентноста меѓу физичките и правите лица, се наведува во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувањ Хале (ИВХ) . Најновите податоци го покажуваат неповолниот тренд на неможноста за редовна исплата на обврските, а 1.406 компании и поединечни субјекти поднеле барање за несолвентност во […]

АЛБАНИЈА ГРАДИ НОВОТО ПРИСТАНИШТЕ ВО ДРАЧ, вредноста на првата фаза чини 392 милиони евра

Управата на пристаништето Драч, која е оператор на најголемото албанско пристаниште, распиша тенедeр за првата фаза за изградба на ново пристаниште во областа Порто Романо, северозападно од Драч. Буџетот за првата фаза за проектот се проценува на 39,3 милијарди леки (392 милиони евра). Работите од оваа фаза мора да бидат завршени за 40 месеци, соопшти […]

АЗИСКИТЕ БЕРЗИ СО ПРОМЕНЛИВИ ТРГУВАЊА, во САД продолжува неизвесноста!

На денешното тргување на азиските берзи имаше променливи движења на индексите по падот на референтните вредности на американските акции, додека инвеститорите ги проценуваа информациите кои доаѓаа од Јапонија за вработеноста кои се послаби од очекуваните, како и од Индија, за каматните стапки. Банката на Индија ги задржа стапките на стабилно ниво на 6,5 отсто во […]

НАЈБОГАТИТЕ ХРВАТИ ЧУВААТ 14 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, над 1,7 милиони граѓани располагале помалку од илјада евра

Хрватските граѓани во банките чуваат повеќе од 37 милијарди евра или две третини од вкупните депозити во кредитните институции, покажуваат податоците на Хрватската народна банка. На крајот на минатата година околу 80 отсто од депозитите биле во вредност помала од 10 илјади евра. Овие штедачи располагале со 11,6 отсто од депозитите или 4,2 милијарди евра […]

Од вештите раце на Талеви се раѓа уникатната убавина на охридскиот бисер

Охридскиот бисер е уникатна македонска приказна. Семејството Талеви е стара и позната охридска фамилија која го изработува традиционалниот охридски бисер. Годинава се навршуваат сто години од моментот кога семејството Талеви започнало да произведува бисери. Тоа е традиција за длабока почит. Заради тоа со Ване Талев разговараме за едновековната семејна традиција на изработување бисери. Како гледате […]

За една седмица во Грција регистрирани 22 нови случаи на вирусот Западен Нил

Во текот на минатата седмица, во Грција биле регистрирани 22 нови случаи на вирусот Западен Нил, а вкупниот број на заразени од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне е 55, додека пак починаа осум лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Потврдени случаи на […]

Српски медиуми: Музејот на Ѓоковиќ со план да биде во „Белград на вода“

Музеј посветен на српскиот олимписки шампион Новак Ѓоковиќ треба да биде сместен во „Белград на вода“, а се очекува таа идеја да му биде претставена следната недела, пренесе Бета. Според „Вечерње новости“, кои се повикуваат на неименувани извори, државата му понудила на неговото семејство локација и сериозно се размислува за тоа. Со тој музеј, наведува […]