ЈАПОНИЈА ПРВПАТ ПРЕДУПРЕДУВА НА ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД МЕГАЗЕМЈОТРЕС, епицентарот би бил на работ на пукнатината Нанкаи

Јапонија за првпат издаде предупредување за зголемен ризик од силен земјотрес во блиска иднина. Предупредувањето е издадено синоќа и ги повикува луѓето да бидат внимателни, но да не се евакуираат. Исто така, беше истакнато дека предупредувањето не значи дека е неизбежен голем земјотрес, туку дека е поверојатно од вообичаено да се случи. Предупредувањето е само […]

Galaxy Z Fold6 – создаден да ја поттикува и зголемува Вашата продуктивност

Најновиот фолд телефон на Samsung, Galaxy Z Fold6 кој неодамна заедно со помалиот Galaxy Z Flip6 беа премиерно претставени на корисниците продолжувајќи ја револуцијата кај телефоните на преклоп, е уред кој е првенствено наменет за достигнување на највисоко ниво на продуктивност. Кога ќе го отворите, добивате Dynamic AMOLED екран од 7,6 инчи, фантастичен за работа, […]

МОДНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ЕВРОПА Е ЗАВИСНА ОД СОСТОЈБАТА ВО БАНГЛАДЕШ, познатите модни брендови стравуваат за испораките

Немирите во Бангладеш можат значително да влијаат на модната индустрија во Германија и да предизвика поскапување на текстилните производи. Бангладеш е важна производна земја за глобалната модна индустрија, а привремените затворања на текстилните фабрики би можело да доведе до промени на пазарот и повисоки цени за потрошувачите и недостиг на артиклите, изјави Стефан Гент, главниот […]

ВРЕМЕТО ПОПЛАДНЕ, во западните делови пороен дожд и грмежи

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 […]

Денес на Олимписките игри во Париз ќе настапат двајца Македонци

На Олимписките игри во Париз денес ќе настапат двајца македонски натпреварувачи. Во борење слободен стил категорија до 57 килограми ќе се појави Владимир Егоров. Тој ќе има борба со Аман Шерават од Индија. Почетокот на борбата е околу 11:30 часот Во таеквондо, категорија до 57 кг, нашата Милјана Релиќ ќе се соочи со олимписката шампионка […]

Филков: Потребни ни се нови, специфични и прилагодени решенија

Неодамна во Вилниус, Литванија се одржа Меѓународната конференција за антикорупција, најголемиот светски форум за борбата против корупцијата. На конференцијата учествуваа повеќе од 2 000 учесници од повеќе од 140 земји. Со помош и во организација на Амбасадата на САД во земјава, на оваа врвна конференција учествуваше и група составена од претставници на различни институции, каде […]

Јовановски: Битката против корупцијата има шанси да успее само ако се води координирано во рамките на општеството, а никако изолирано

Неодамна во Вилниус, Литванија се одржа Меѓународната конференција за антикорупција, најголемиот светски форум за борбата против корупцијата. На конференцијата учествуваа повеќе од 2 000 учесници од повеќе од 140 земји. Со помош и во организација на Амбасадата на САД во земјава, на оваа врвна конференција учествуваше и група составена од претставници на различни институции, каде […]

СРБИЈА Е НА ПРВО МЕСТО СО ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ЕВРОПА, изјави Синиша Мали српскиот министер за финансии

Според досегашните достапни податоци за годинава, Србија е на прво место во Европа според растот на БДП, објави министерот за финансии Синиша Мали. – Првиот квартал имавме стапка на раст од 4,7 отсто, другиот квартал 4,2 отсто. Во просек за првата половина на годината растот на БДП е 4,5 отсто. Значи, први сме во Европа. […]

КИНА ГО ГУБИ ЛИДЕРСТВОТО ВО ТРГОВИЈАТА СО ГЕРМАНИЈА, Берлин ја намалува економската изложеност кон Пекинг

Кина го изгуби местото на најважен трговски партнер на Германија и на нејзино место се најде САД. Според прелиминарните податоци на германскиот статистички завод, во првата половина на 2024 година, вкупниот извоз и увоз на Германија кон најголемата светска економија изнесува 127 милијарди евра (139 милијарди долари), а размената со Кина изнесуваше 122 милијарди евра, […]

Трипуновски: Исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во висина од 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска објави дека се исплатени субвенциите за мерка 1.21 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во исплатен износ 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник. „Денес се исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во […]