АТИНА И ИСТАНБУЛ СО НАЈНИСКА ЦЕНА НА СТАНОВИТЕ ОД ЕВРОПСКИТЕ УРБАНИ ЦЕНТРИ, меѓу најскапите се само два главни града

Цените на становите во центрите на европските градови значително се разликуваат, а само два главни града од најголемите европски економии се меѓу десетте најскапи градови.

Извештајот „Мапирање на светските цени 2026“, објавен од истражувачкиот институт Дојче банк, ги споредува цените на квадратен метар стан во центарот на 69 градови, меѓу кои 28 се европски, објавува Еуроњуз.

На врвот на европската ранг-листа се два швајцарски града, поради што Швајцарија е и најскапата земја за купување недвижности во центрите на градовите.

Во Цирих, стан по квадратен метар чини 22.910 евра, додека во Женева цената е 19.439 евра. За стан од 80 квадратни метри, ова значи дека во Цирих треба да издвоите околу 1,833 милиони евра, а во Женева приближно 1,555 милиони евра.

Лондон е на трето место со цена од 17.241 евра, или 14.782 фунти, по квадратен метар. Стан од 80 квадратни метри во британската престолнина би чинел околу 1,379 милиони евра или 1,183 милиони фунти.

Париз е на четвртото место, но недвижностите во француската престолнина се значително поевтини отколку во Лондон. Квадратен метар таму чини 12.771 евра.

Виена e во првите пет градови, каде што квадратен метар чини 12.483 евра. Меѓу првите пет се само Лондон и Париз од најголемите европски економии. Најскапиот германски град е Минхен, со цена од 11.435 евра за квадратен метар

На листата на десетте најскапи градови се наоѓаат и Луксембург со 11.011 евра, Копенхаген со 10.191 евра, Стокхолм со 10.037 евра и Осло со 9.785 евра за квадратен метар. Во главниот град на Норвешка, цената падна под границата од 10.000 евра.

Три скандинавски градови се меѓу десетте најскапи, додека Хелсинки е на 13-то место со 8.431 евра за квадратен метар.

Истанбул е најевтиниот европски град на оваа листа. Стан од квадратен метар во центарот на градот чини 2.646 евра.

Атина следи со 3.442 евра за квадратен метар. Меѓу поевтините градови е Брисел, главниот град на Европската Унија, кој е трет од дното на рангирањето. Стан од квадратен метар чини 4.380 евра.

Просечната цена за сите 28 анализирани европски градови е 9.090 евра за квадратен метар, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано