Околу 3.400 тони делумно искористени лекови се фрлаат годишно во Англија, објави Британската национална асоцијација на аптеки (NPA).
Според анализата на податоците од локалните здравствени установи за 2024/25 година спроведена од NPA, отстранувањето на лекови ја чини Британската национална здравствена служба (NHS) најмалку 480 милиони фунти (околу 550 милиони евра) годишно.
Претседателот на NPA, Оливие Пикард, рече дека парите „можат да се инвестираат во подобри услуги за пациентите“, посочувајќи ги „последиците врз животната средина и здравјето“ и додавајќи дека може да се направи многу повеќе за справување со растечкиот проблем.
Здружението, кое ги претставува 6.000 независни аптеки во Велика Британија, апелираше пациентите кои имаат повеќе лекови на рецепт кои редовно се обновуваат да добиваат почести прегледи на лековите за да се утврди кои лекови повеќе не им се потребни.
Пикард ги повика пациентите да бараат само лекови што навистина им се потребни кога ги пополнуваат своите рецепти.
„Пациентите на кои им се препишани повеќе лекови треба почесто да ја проверуваат својата терапија за да се осигурат дека лековите се користат целосно“, рече тој, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








