Аналитичарите предупредуваат дека ќе бидат потребни месеци за Ормускиот теснец повторно да функционира со полн капацитет

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор со Иран што треба да доведе до повторно отворање на Ормускиот теснец – една од најважните светски енергетски рути низ која поминува околу една петтина од глобалната трговија со нафта и гас. „Бродови на светот, палете ги моторите. Нека потече нафтата!“, порача Трамп.

Затворањето на Ормускиот теснец по американско-израелските напади врз Иран предизвика сериозна енергетска криза и нагло поскапување на нафтата, при што цената на суровата нафта скокна од околу 72 на речиси 120 долари за барел. Најавата за мировен договор ги смири пазарите и доведе до пад на цените.

Експертите посочуваат дека најлошото сценарио – нафта од 200 долари за барел – било избегнато благодарение на зголемениот извоз од САД, намалената побарувачка од Кина и користењето на стратешките резерви. Сепак, глобалните залихи значително се намалени и остануваат на критично ниско ниво.

И покрај најавениот договор, аналитичарите предупредуваат дека ќе бидат потребни месеци за Ормускиот теснец повторно да функционира со полн капацитет. Морските мини треба да бидат отстранети, танкерите да се вратат на своите рути, а оштетената енергетска инфраструктура во регионот да биде обновена. Според проценките, до крајот на септември низ теснецот ќе се одвива околу 80 проценти од претходниот обем на транспорт на енергенси, пренесува Дојче Веле.

Повеќе од истиот автор

Најчитано