АМЕРИКАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЌЕ БИДАТ ЗАДОВОЛНИ, САД ДОГОВОРИ ИЗВОЗ НА ХРАНА ЗА КИНА

Кина и Соединетите Американски Држави потпишаа договор според кој Кина ќе купува земјоделски производи од Соединетите Американски Држави во вредност од најмалку 17 милијарди долари во текот на следните три години, објави вчера Белата куќа.

Сумата од 17 милијарди долари не го вклучува договорот Кина да купува соја од октомври 2025 година.  Се додава дека договорот е постигнат за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина претходно оваа недела.

Покрај тоа, новиот договор предвидува соработка меѓу Кина и американските власти за укинување на суспензијата на увозот на производи од американските погони за преработка на говедско месо и продолжување на увозот на живина во Кина од американските држави за кои е утврдено дека не се заразени со птичји грип.

Предвидено е и формирање на Комитетот за трговија меѓу САД и Кина и Комитетот за инвестиции меѓу САД и Кина.

Трамп претходно по враќањето од Кина изјави дека американските земјоделци „ќе бидат многу среќни“ затоа што Кина ќе „купи соја во вредност од милијарди долари“, пренесуваат медиумите во светот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано