Здружението на американските хотели во градовите домаќини на Светското првенство имаат помалку резервации од вообичаеното во ова време од годината. Хотелиерите се разочарани од извршените резервации и откриваат дека осум од 10 хотели во градовите домаќини имаат помала побарувачка од очекуваното и рече дека турнирот не резултирал со предвремено резревирање на престојот.
Претседателката и извршен директор на AHLA, Розана Маиета, изјави за Би-Би-Си дека војната во Иран е делумно виновна. Но, таа рече дека некои навивачи можеби едноставно чекаат нивниот тим да го отвори Светското првенство пред да резервираат сместување.
Како причина за послабата заинтересираност за следење на фудбалските натпревари се споменуваат и високите цени за билетите. Се споменува, навивачите треба да одвојат 1.000 долари за билети за натпреварот Шкотска – Хаити.
Од ФИФА имаат малку поинаков поглед на целата ситуација и според фудбалската организација побарувачката за турнирот е „невидена“ и дека се продадени повеќе од пет милиони билети. „Возбудата за најголемиот спортски настан на планетата продолжува да расте“, изјави портпарол за Би-Би-Си. Портпаролот, исто така, се осврна на тврдењата дека билетите биле преценети, додавајќи дека некои биле продадени за само 60 долари, додека поскапите билети биле со цена за да се спречи профитирање од препродажба на билети.
Белата куќа формираше работна група за Светското првенство за да се осигури дека турнирот ќе се одвива непречено. Како дел од подготовките, се откажа од депозитот од 15.000 долари потребен за фудбалските навивачи од 50 земји за да аплицираат за визи доколку можат да докажат дека имаат валидни билети за натпреварот, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис








