АМЕРИКАНСКИТЕ АКЦИИ ВО БЛАГ ПАД, ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ НА НАЈНИСКО НИВО

Вредноста на акциите на американските берзи вчера се малку пониски, бидејќи падот на клучните акции на технолошките компании го надвладеа позитивниот сентимент предизвикан од намалувањето на приносите на американските државни обврзници.

Индексот S&P 500 ослабе за 0,2 проценти, Nasdaq за 0,5 проценти, додека Dow Jones доби 117 поени, или 0,2 проценти.

Американскиот долар вчера се држеше близу до повеќемесечното најниско ниво, под влијание на растечката загриженост на инвеститорите за нивото на американскиот јавен долг и потезите на Вашингтон на пазарот на државни обврзници.

Доларот ослабе откако Министерството за финансии на САД објави дека ќе го удвои износот на купувања на долгорочни државни обврзници, на 4 милијарди долари по операција, во обид да го поддржи пазарот на долгорочен долг.

Приносите на американските државни обврзници паднаа по извештаите дека Министерството за финансии на САД може да ја користи својата главна сметка кај Федералните резерви  за финансирање на купувања на државни обврзници.

Приносот на десетгодишните државни обврзници на САД падна за повеќе од четири базични поени, на 4,69 проценти, додека приносот на триесетгодишните обврзници се намали за шест базични поени, на 5,216 проценти.

Приносот на 30-годишните обврзници минатата недела надмина 5,3 проценти, достигнувајќи ниво невидено во речиси 20 години, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано