АМЕРИКАНСКАТА СЛУЖБА ЗА ИМИГРАЦИЈА ВРАБОТУВА НОВИ 5.000 ЛУЃЕ, судот во САД дозволи привремена депортација на имигранти

Врховниот суд на САД ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп привремено да продолжи со депортирање на имигранти во земји различни од нивните матични земји, додека судиите ја разгледуваат законитоста на политиката.

Судот соопшти дека ќе ги сослуша аргументите за тоа дали мигрантите мора да имаат реална можност да се спротивстават пред да бидат испратени во земји со кои немаат врски.

Според низа договори, кои честопати беа тајни, администрацијата на Трамп депортираше 25.000 луѓе во 24 земји, вклучувајќи ги Либерија и Гвајана, а огромното мнозинство во Мексико.

Администрацијата на Трамп вели дека испраќа луѓе со конечни налози за депортација во трети земји кога не можат да бидат вратени во нивните матични земји или кога тие земји одбиваат да ги прифатат, вклучително и во случаи на луѓе со кривични пресуди.

Владите на тие земји даваат гаранции дека овие лица нема да бидат подложени на прогон или тортура, според федералните правни претставници, пренесува Н1.

Службата за имиграција и царина на САД (ICE) планира да вработи 5.000 нови луѓе до крајот на годината за да ја поддржи кампањата за депортација на американскиот претседател Доналд Трамп.

ICE веќе го зголеми бројот на вработени за околу 8.000 од почетокот на мандатот на Трамп, на вкупно околу 29.000 во јули.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано