АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ВИСОКИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНОТ ОД НАД 4 ДОЛАРИ ЗА ГАЛОН, цените на горивата се еден од највидливите економски индикатори за американските граѓани

Националниот просек на цените на бензинот би можел да достигне 4,03 долари за галон пред националникот празник, значително надминувајќи го претходниот рекорд од 3,83 долари поставен во 2012 година.

Националната просечна цена на бензинот  во САД во четвртокот беше околу 4,13 долари за галон, речиси еден долар повеќе од минатата година. Аналитичарите предупредуваат дека „границата“  од 4 долари е ниво што многу потрошувачи тешко го поднесуваат.

Цените на горивата се еден од највидливите економски индикатори за Американците и можат многу брзо да влијаат на нивната перцепција за состојбата на економијата. Со оглед на тоа што цената на бензинот се движи над 4 долари поголемиот дел од годината, прашањето за високите трошоци за гориво стана сериозна загриженост за претседателот Доналд Трамп и Републиканската партија, чиј рејтинг е најнизок по одвојување на вториот претседателски мандат.

Цените на другите деривати исто така силно растат. Цената на дизелот во САД достигна нов рекорд оваа недела, додека се очекува авионските билети за време на празникот Ден на трудот да бидат дури 20 проценти поскапи отколку пред една година, според податоците на AAA.

Цените на горивата на бензинските пумпи растат заедно со цената на суровата нафта, која повторно надмина 90 долари за барел оваа недела по новите воени судири меѓу САД и Иран. Ова повторно ги отвори загриженостите за можни прекини во снабдувањето со нафта на светскиот пазар.

Според податоците од американската Администрација за енергетски информации (EIA), извозот на рафинирани нафтени производи е зголемен за повеќе од 10 проценти во споредба со минатата година, пренесува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано