„Алкалоид“ одбележува 90 години со нова јубилејна веб-страница

„Алкалоид“ ја претстави новата јубилејна веб-страница посветена на одбележувањето на 90-годишнината од основањето на компанијата.

На веб-страницата е достапен деветдецениски времеплов, преку кој посетителите можат да ги проследат најзначајните моменти од 90-годишната историја на „Алкалоид“, како и активностите што се реализираат во рамки на јубилејната кампања.

Новата веб-страница претставува дигитална платформа на која се обединети содржините и активностите поврзани со одбележувањето на значајниот јубилеј на компанијата.

Погледнете повеќе на https://lnkd.in/ewsTeuH2

Повеќе од истиот автор

Најчитано