Албанските пратеници едногласно усвоија Резолуција за процесот на европска интеграција на земјата

Во редок политички развој на настаните во албанскиот парламент, мнозинството и опозицијата ги здружија силите и ја изгласаа Нацрт-резолуцијата за процесот на европска интеграција на земјата.

Во редок политички развој на настаните во албанскиот парламент, мнозинството и опозицијата ги здружија силите и ја изгласаа Нацрт-резолуцијата за процесот на европска интеграција на земјата.

Резолуцијата ја поддржаа 114 пратеници а само еден беше воздржан. Во момент кога позициите меѓу владејачките социјалисти и опозициските демократи се чини дека се продлабочуваат, во Собранието се појави „бел чад“ за постигнување консензус за овој документ.

Резолуцијата предвидува сеопфатна соработка и заедничка посветеност за унапредување на процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија.Се нагласува потребата од сеопфатен политички и социјален дијалог, со цел да се обезбеди национален консензус за европските приоритети.

Консензусот меѓу политичките партии е еден од ретките случаи на широка соработка во Собранието по прашања поврзани со европската интеграција, што сигнализира обединет став во однос на процесот на преговори со ЕУ. Изгласувањето на овој документ го поздрави претседателот Бајрам Бегај наведувајќи дека “соодветен одговор на Извештајот за напредокот на Албанија 2025 година на Европската комисија”.

Преку реакција на Фејсбук, Бегај вели дека оваа резолуција го означува единствениот пристап на соработка, компромис и консензус за постигнување на оваа национална стратешка цел.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано