„АКО ПРОИЗВЕДУВАТЕ ВО САД НЕ ПЛАЌАТЕ НИШТО“, ВАШИНГТОН ПОДГОТВУВА НОВА ЦАРИНСКА РАМКА ЗА УВОЗ НА ЧИПОВИ

Американската администрација подготвува нова царинска рамка за увоз на полупроводници, изјави денес американскиот министер за трговија Хауард Лутник и додаде дека сите релевантни компании се свесни за претстојните мерки.

„Она што ќе го видите е насочена и намерна тарифна политика која во основа вели дека ако произведувате тука (во САД), не плаќате ништо, но ако не произведувате тука, очекувајте да платите за да влезете на најголемиот пазар во светот“, изјави Лутник за CNBC.

Тој нагласи дека целта на оваа политика е да се пресели производството на чипови на територијата на Соединетите Американски Држави, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано