Администрацијата на Трамп сака да го скрати престојот за странските студенти и новинари во САД

Американската администрација одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во САД, покажува владин документ што денеска беше објавен, како нов чекор во нејзината многу рестриктивна имиграциска политика.

Според новите правила, кои треба да стапат на сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе од четири години.

За странските новинари, нивниот престој ќе биде скратен на максимум 240 дена, или околу осум месеци, со можност за поднесување барање за продолжување за периоди со исто времетраење.

За кинеските новинари ќе важи особено рестриктивна рамка, така што нивните визи ќе бидат ограничени само на 90 дена.

Досега САД им издаваа визи на студентите за времетраењето на нивните студии, а на новинарите до пет години, пишуваат француските медиуми.

Новата мерка, која владата ја предложи минатата година, ќе влијае на новинарите акредитирани од стотици странски медиуми во САД.

Бројни меѓународни медиуми предупредија во отворено писмо дека оваа одлука ќе „го намали обемот и квалитетот на известувањето“ за актуелните настани во САД.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано