Финансии / Банкарство

НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ ОД ОФИЦИЈАЛЕН ПАЗАР НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА за првата половина од 2025 година

Најтргувани акции на официјалниот пазар на Mакедонска берза за периодот јануари-јуни годинава се акциите на Комерцијална банка со остварена просечна цена од 29.146,05  и истргувани 37.838 акци во 4.028 трансакции, а вкупната вредност на остварениот промет  1.102.828.165  денари. Во истиот период акциите на Алкалоид постигнале просечна цена од 28.140,53 и истргувани 33.852 акции во 3.140 трансакции. Вредноста на прометот за акциите на Алкалоид во шесте месеци изнесува 952.613.267 денари.

На трето место за најтргувани се акциите на Макпетрол со просечна цена од  108.663,04 и 2.325 акции, со остварен промет 252.641.577  во 734  трансакции. Просечната цена на акциите на Стопанска банка Скопје e 2.947,58 и тргувани 76.745 акции во вкупна вредност од 226.211.764 денари и 1.058 извршени трансакции.

Во овој период акциите на НЛБ Банка достигнале  просечна вредност од 58.665,54 денари  и истргувани 2.461 акции со вкупна вредност во 585 трансакции во вкупна вредност  од 144.375.894 денари.  

Остварениот промет во класичното тргување (акции и обврзници)  во периодот јануари-јуни 2025 изнесува 3.095.292.474 денари со раст од 9,82 отсто во споредба со јануари-јуни 2024 година, кога биле реалицирани 2.818.545.209 денари, се наведува во Билтенот за првите шест месеци од 2025 година на Македонска берза.

ПРЕПОРАЧАНО