Page 117 - maj 2020
P. 117

ФИЛМ
                                                                                                     РУБРИКА





























             лузни  и  совест  создава  солидарен  кос-
             мополис  во  кој  почитувањето  на  чове-
             ковите  права,  културните  различности
             и слободата на изразување се втемеле-
             ни вредности: „Премногу сме зафатени
             со одбрана на сегашноста за да бидеме
             сентиментални  за  минатото“  –  ќе  рече
             една  од  новостекнатите  пријателки  на
             ести. За жал, овој потенцијал е само по-
             вршно искористен.
                веројатно  немаме  доволно  позна-
             вања за животот на малите верски заед-
             ници, но затоа делот кој го третира бер-
             лин  (for  dummies)  повеќе  наликува  на
             бајка,  отколку  на  вистинска  приказна.
             За интровертна девојка која не мрднала
             подалеку од маало и не знае да користи
             интернет,  ести  одлично  се  снаоѓа.  Пр-
             виот ден во константно сончевиот бер-
             лин  таа  е  практично  бездомник.  уште
             веднаш запознава група на пријателски
             настроени  студенти  од  музичката  ака-
             демија  во  чиј  објект  скришум  ја  пре-
             спива  ноќта.  си  фаќа  „дечко“.  Преку
             ноќ добива шанса за аудиција, па иако
             без  ниеден  тренинг  се  покажува  како
             исклучително  талентирана  пејачка  (во
             сцена  која  е  емотивната  кулминација
             на серијалот) и тоа ѝ обезбедува стипен-
             дија. Премногу добро за да биде висти-
             нито.  она  што  ја  поништи  неверицата
             (suspension  of  disbelief)  е  вонсериската
             интерпретација на израелската глумица
             шира Хас (Shira Haas) која го поседува
             шоуто,  од  почеток  до  крај.  неорто-
             доКсна.

                                                                                  мај 2020                        117
   112   113   114   115   116   117   118   119   120