Page 6 - UNDP 15 dekemvri 2024
P. 6

УНДП






                              МНОГУ ТРУД СЕ ВЛОЖИ ЗА ДА ДОЈДЕМЕ ДО ОВАА ТОЧКА


                                                   Обединетото Кралство активно го поддржуваше креирањето на
                                                Националната развојна стратегија уште од почетокот на процесот.
                                                Всушност, уште во првите фази сфативме дека НРС не треба да биде
                                                само документ, туку еден сеопфатен процес. Стратегијата се разви
                                                врз основа на моделот „четирикратен хеликс“ кој подразбира вклу-
                                                ченост  на  јавните  институции,  на  граѓанските  здруженија,  на  ака-
                                                демската јавност, на експертската јавност и на бизнис-заедницата.
                                                Благодарение на тоа, денес имаме документ кој е автентичен израз
                                                на очекувањата, на заложбите и на потребите на целото општество.
                                                Многу труд се вложи за да дојдеме до оваа точка. Сега е клучно но-
                                                сечките столбови на НРС да бидат втемелени во работата на оваа и
               Метју Лосон, амбасадор на Обединетото   на сите влади во наредните две децении затоа што јас искрено веру-
               Кралство                         вам дека успешната и посветена имплементација на Стратегијата ќе
                                                го поплочи патот на идниот развој на Северна Македонија.



                   НРС НЕ Е СТРАТЕГИЈА САМО НА ЕДНА ВЛАДА ИЛИ САМО НА ЕДНА ПАРТИЈА,
                                    ТУКУ Е СТРАТЕГИЈА ОД СИТЕ НАС ЗА СИТЕ НАС
                                                   Во 2021 година, како вицепремиер во Владата, бев дел од тимот
                                                луѓе кои го започнаа инклузивниот процес на креирање на Нацио-
                                                налната развојна стратегија (НРС). Денес, три и пол години подоцна,
                                                навистина ми е задоволство што пред нас е финалниот документ на
                                                Стратегијата која треба да ја води државата кон стабилност, прос-
                                                перитет, одржлив и споделен развој. Консензуалното усвојување на
                                                НРС во Собранието е нешто што е во суштината на овој процес од
                                                неговиот почеток, кога практично директно ги вклучивме граѓаните
                                                и  граѓанките,  сите  засегнати  страни,  па  и  тогашната  опозиција  во
                                                креирањето на овој документ, со цел да ги обединиме колективните
                                                визии и аспирации. Никој не беше изоставен, секој доби можност да
                                                се вгради во неа. И оваа, а и сите идни влади треба да имаат на ум
               Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ  дека НРС е долгорочен и сеопфатен стратешки документ чија импле-
                                                ментација ќе се протега до 2044 година. НРС не е стратегија само на
                                                една влада или само на една партија, туку е стратегија од сите нас за
               сите нас. НРС е пример за тоа дека само преку инклузивност и широк општествен консензус можеме да
               покажеме дека сме фокусирани на демократија која ќе ги вреднува сите граѓани и граѓанки, независно
               од нивните различности.




                  СЕКОЈА СТРАТЕГИЈА, КОЈА СОДРЖИ РЕАЛНИ И ОСТВАРЛИВИ ЦЕЛИ ВО ПОЛЗА
                          НА ГРАЃАНИТЕ, ЈА ЗАСЛУЖУВА ПОДДРШКАТА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ
                                                   Во  процесот  на  креирање  на  Националната  развојна  стратегија
                                                сум вклучен од самите почетоци. Учествував во визионерските рабо-
                                                тилници на кои дававме идеи, предлози и визии за идниот развој на
                                                државава, учествував во утврдувањето на критериумите за избор на
                                                стратешките области на НРС и на нивниот избор, бев еден од предла-
                                                гачите на Законот за националната развојна стратегија кој се донесе
                                                во февруари годинава, а сега, на крајот на октомври, бев дел од пра-
                                                тениците што ја изгласаа Националната развојна стратегија и првиот
                                                петгодишен план за нејзина имплементација. Сметам дека е особено
                                                важно, како политичари, како носители на одлуки, сите да се обеди-
                                                ниме за овој хиерархиски највисок и тематски сеопфатен стратешки
               Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-  плански документ за економскиот, за социјалниот, за еколошкиот и
               ДПМНЕ                            за културниот развој на државава. Секоја стратегија, која содржи ре-
                                                ални и остварливи цели во полза на граѓаните, ја заслужува поддрш-
                                                ката од пратениците. Затоа сум убеден дека само преку национален
               консензус и искрена посветеност за нејзина долгорочна имплементација, Националната развојна страте-
               гија ќе ја исполни својата конечна цел – подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

                                                                             15 ноември 2024                      39
   1   2   3   4   5   6