Page 5 - UNDP 15 dekemvri 2024
P. 5
УНДП
УСПЕШНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НРС ЌЕ ОВОЗМОЖИ ДРЖАВАТА
ДА ИЗГРАДИ ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА РАСТ И ЗА РАЗВОЈ
Националната развојна стратегија не е само уште еден стратешки
документ. Таа ги обединува визиите, соништата, аспирациите на по-
веќе од 14 000 граѓани кои директно се вклучија во процесот на неј-
зиното создавање. Дополнително, со придонесот на бројни експерти
од земјата и од странство, креиравме документ кој е дизајниран да
одговори на специфичните социоекономски предизвици на земјата,
со фокус на долгорочен развој, како и градење отпорност, еднак-
вост и просперитет. УНДП даде огромен придонес во овој процес во
изминативе три и пол години, особено во обезбедувањето широка
вклученост на сите засегнати страни во државата притоа водејќи
сметка за правична родова застапеност и рамноправно учество на
Армен Григорјан, Постојан претставник маргинализираните категории граѓани. Поддршката на Национална-
на УНДП та развојна стратегија во Собранието од пратениците и од власта и
од опозицијата е доказ дека сите заедно успеавме да создадеме ви-
зија за иднината што го обедини општеството. Сега следува процесот
на имплементација на НРС и јас искрено се надевам дека сите вклучени страни ќе го следат концептот на
инклузивност и на соработка кој беше воспоставен за време на креирањето на Стратегијата. Успешната
имплементација на НРС ќе овозможи државата да изгради ефикасен систем за раст и за развој во соглас-
ност со Целите за одржлив развој и со процесот на пристапување во Европската Унија.
НРС ЌЕ ОВОЗМОЖИ ОДРЖЛИВ РАСТ И РАЗВОЈ, ЌЕ ГО ПОДОБРИ КВАЛИТЕТОТ НА
ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ И УСПЕШНО ЌЕ ЈА ПРИБЛИЖИ ЗЕМЈАТА ДО ЕУ
Обединетите нации значително придонесоа во создавањето на
Националната стратегија за развој, применувајќи ја својата широ-
ка експертиза и оперативна поддршка и обезбедувајќи инклузивни
консултации, почнувајќи од иницијалните чекори на креирањето на
овој важен стратешки документ. Програмата за развој на Обедине-
тите нации (УНДП) беше водечки партнер на Владата за време на
ова тригодишно патување посветено на развојот на НРС. Сите аген-
ции на ОН обезбедија техничка поддршка во конкретни области од
нивниот мандат и експертиза, на тој начин осигурувајќи сеопфатен
пристап кон одржливиот развој на Северна Македонија. ОН остану-
ваат посветен партнер и поддржувач на Владата, на националните
Рита Колумбија, Постојан координатор институции, на граѓанските организации, на академската заедница и
на ОН на сите граѓани на Северна Македонија за ефективно спроведување
на Националната развојна стратегија (НРС). Само преку истрајност и
посветеност на сите засегнати страни во нејзината имплементација,
НРС ќе даде резултати, ќе овозможи одржлив раст и развој, ќе го подобри квалитетот на живот на граѓа-
ните и успешно ќе ја приближи земјата до Европската Унија.
СЕ НАДЕВАМ ДЕКА МОДЕЛОТ НА ИНКЛУЗИВНОСТ И НА ВКЛУЧЕНОСТ НА ЦЕЛОТО
ОПШТЕСТВО ЌЕ ОСТАНЕ ПРИОРИТЕТ И ВО ТЕКОТ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НРС
Националната развојна стратегија е документ од клучно значење
за економскиот и за социјалниот напредок на Република Северна
Македонија. Министерството за финансии на Република Словачка го
поддржува овој процес затоа што препознавме дека избраниот мо-
дел ги одразува реалните очекувања на сите членови на заедницата,
а во исто време ќе ѝ помогне на државата во исполнувањето на Аген-
дата 2030 и напредокот на патот кон членство во Европската Унија.
Со изгласувањето на НРС во Собранието, завршена е една значајна
фаза. Сега следува уште поважен предизвик – имплементација на
целите зацртани во Стратегијата. Се надевам дека моделот на инклу-
зивност и на вклученост на целото општество ќе остане приоритет и
Даниела Клучкова, државен секретар во текот на имплементацијата на НРС, а Министерството за финан-
во Министерството за финансии на сии на Република Словачка е подготвено да го поддржи процесот и
Република Словачка во претстојниот период.
38 15 ноември 2024

