Page 1 - komora 09 2021
P. 1

РУБРИКА








                                                       ЗА ЗАСИЛЕНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА
                                                       НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА!






                                          Почитувани читатели,

                                          Дигитализацијата  како  една  од  најактуелните  теми  во  изминатиот  период
                                        претставува комплексен поим и процес, но реално таа е дел од нашето секојдневие и е
                                        насекаде околу нас, тргнувајќи од резервација за хотелско сметување преку интернет,
                                        плаќање во маркет со мобилен телефон, плаќање на сметки онлајн, аплицирање за
                                        кредит преку мобилно банкарство, купување преку интернет итн.
                                          Трендовите  укажуваат  на  нејзина  забрзана  примена  во  сите  сегменти,  а
                                        особено  во  финансискиот  сектор  кој  вложува  многу  во  современи  технологии  и
                                        кај  кој  дигитализацијата  е  на  високо  ниво.  Дополнително,  тековната  пандемија  ја
                                        интензивираше  дигитализацијата  и  ја  наметна  неопходноста  од  истата,  како  една
                                        од  алатките  за  заштита  на  јавното  здравје.  При  тоа,  клиентите  заради  достапноста
                                        и  едноставноста,  им  даваат  предност  на  дигиталните  канали  кои  достигнуваат
                                        доминантно учество во користењето во однос на традиционалните (експозитурите).
                                          Позитивните  искуства,  високиот  степен  на  интернет  пенетрација  и  користењето
                                        на мобилните телефони, се одличен предуслов за  засилена дигитализација во сите
                                        сегменти  на  општеството,  со  посебен  фокус  на  јавната  администрација  каде  се
                                        очекуваат низа придобивки:
                                          1.   Зголемување на  ефикасноста и брзината при користењето на јавните услуги и
                                        кратење на времето и трошоците за пристап до истите.
                                          2.   Намалување на секојдневните мануелни рутински активности кое ќе овозможи
                                        вработените  да  може  да  креираат  процедури  и  услуги  кои  ќе  создадат  додадена
                                        вредност во системот.
                                          3.   Една од позначајните придобивки ќе биде и борбата против сивата економија
                                        која во значителни рамки е присутна во нашата земја. Дигитализацијата ќе ги засили
                                        заложбите и активностите за нејзино сузбивање и постигнување на поголема фискална
                                        еднаквост.
                                          4.   Како  резултат  на  зголемената  достапност  на  услугите,  брзината  за  нивно
                                        спроведување  и  намалувањето  на  сивата  економија,  значително  ќе  се  намали  и
                                        корупцијата  како  еден  од  најголемите  проблеми  во  економијата  и  општеството
                                        генерално.
                                          5.   Сите претходно наведени придобивки севкупно ќе придонесат за поголема
                                        транспарентност  и  еднаквост,  сузбивање  на  нелојалната  конкуренција,  подобрени
                                        услови за бизнис и зголемена конкурентност на нашите компании.
                                          Во  правец  на  поддршка  на  дигитализацијата,  Комората  како  нејзин  поборник,
                                        разви посебна програма  која предвидува повеќе активности: редизајнирање на веб
                                        страницата, изработка на дигитална платформа за поврзување на работодавачите и
                                        образовните институции, развој на дигитален систем за надворешно-трговско работење
                                        и др. Покрај ова, Комората има изградено и внатрешна инфраструктура преку Советот
                                        за напредни технологии чија основна цел и задача е унапредувањето на работењето и
                                        имплементација на напредни технологии кај компаниите.

                                                                                                   Антонио Аргир
                                                            потпретседател на Стопанска Комора на Северна Македонија


                                                                             септември 2021                       19
   1   2   3   4   5   6