Page 4 - zenite i sportot
P. 4

„ЖЕНИТЕ И СПОРТОТ“





                                                                       да  ги  зајакнеме  нашите  заеднички  акции  од
                                                                       минатиот јануари. Токму тие нè поврзаа со ра-
                                                                       ководството  на  трговскиот  центар  „Ист  гејт“
                                                                       што го избравме како локација за изложбата.
                                                                       Тоа е идеално место да се допре до голема и
                                                                       разновидна  публика.  Притоа  нашите  колеги
                                                                       од Грција природно ни се придружија во оваа
                                                                       авантура бидејќи иако олимписките игри ќе се
                                                                       одржат следната година во Париз, тие се роде-
                                                                       ни токму во Грција.

                                                                         Последното прашање е за господинот Бран-
                                                                       ко Чобанов, Аташе за култура и помошник на
                                                                       директорот  на  францускиот  институт  во
                                                                       Скопје
                Милијана Рељиќ -Таеквондо
                                                                            Забележав  дека  програмата  на  Фран-
                                                                       цускиот институт во Скопје за оваа есен е мно-
                                                                       гу  богата  и  интересна,  уште  повеќе  чувству-
                                                                       ваме вистинска желба да бидете присутни на
                                                                       нашата  културна  сцена.  Која  е  причината  за
                                                                       оваа одлука, за овој напредок?

                                                                         Б. Чобанов: Ви благодарам многу за вашето
                                                                       прашање бидејќи целосно ја илустрира страте-
                                                                       гијата поставена на почетокот на 2023 година
                                                                       и нашата желба да го зголемиме нашето при-
                                                                       суство на локалната културна сцена преку го-
                                                                       леми настани со висока видливост.
                                                                         Без  разлика  дали  преку  нашите  гала-вече-
                                                                       ри  на  француската  кинематографија  со  нови
                                                                       успешни филмови или настани посветени на
                                                                       гастрономијата,  па  преку  нашиот  проект  за
                                                                       улична уметност или изложби како „Париски
                Наташа Мешковска - Пливање 200 метри пепетурка
                                                                       рефлексии“, ние се ориентиравме по овој пато-
                                                                       каз кој се состои од зајакнување на присуство-
                                                                       то на француската култура во вашата земја.
                                                                         Нашите  два  големи  настани  периодов  се
                                                                       Француската  вечер  во  рамките  на  фестива-
                                                                       лот  „Браќа  Манаки“  со  проекција  на  филмот
                                                                       „Анатомија на еден пад“ кој ја освои Златната
                                                                       палма на овогодинешниот Филмски фестивал
                                                                       во Кан (28 септември 2023 година во Битола)
                                                                       и „Креденец во живо“ („Buffet à vive“) со Теа-
                                                                       тарската  дружина  „Ла  бел  Мениер“  (la  Belle
                                                                       Meunière) како дел од фестивалот Скупи (7 ок-
                                                                       томври 2023 година).
                                                                         Притоа  работиме  и  на  голем  настан  на
                                                                       крајот на годинава за прослава на триесетго-
                                                                       дишнината од воспоставувањето дипломатски
                                                                       односи меѓу Франција и Северна Македонија.
                                                                       Тоа ќе биде прекрасен настан на кој ќе биде
                Пулексенија Јованоска - Карате                         јавноста топло поканета.


                                                                              октомври 2023                       83
   1   2   3   4