Page 3 - zenite i sportot
P. 3

„ЖЕНИТЕ И СПОРТОТ“





                                                                  минатиот  декември.  Потоа  ги  запознав  Пу-
                                                                  лексенија  Јованоска  и  Наташа  Мешковска,
                                                                  членови на невладината организација „Спорт
                                                                  соушл солушнс“ (Sport social solutions) со кои
                                                                  работевме  на  промовирање  на  олимписките
                                                                  вредности  кај  учениците  од  Северна  Маке-
                                                                  донија.  Што  се  однесува  до  останатите  шест
                                                                  спортистки, природно беше да се обратам до
                                                                  нашиот  партнер,  Националниот  олимписки
                                                                  комитет.

                                                                      Местото на жената во нашево општество
                                                                  е во постојана еволуција. Која е пораката што
                                                                  сакате да ѝ ја пренесете на јавноста?

                                                                    И.  Кетоф:  Има  неколку  пораки.  Првата  е
           Дрита Исљами Бафтири - Атлетика 400м со пречки         секако дека жените и спортот на високо ниво
                                                                  не  се  две  некомпатибилни  идеи,  па  целта  е
                                                                  да им се покаже на младите девојки дека тоа
                                                                  е  можно.  Втората  порака  е  да  се  потсетиме
                                                                  дека нè дели помалку од една година од Париз
                                                                  2024 година, што ќе бидат први рамноправни
                                                                  олимписки игри со адекватно застапена родо-
                                                                  ва еднаквост. Конечно, има многу напредок за
                                                                  жените во Франција и Северна Македонија, но
                                                                  секогаш можеме подобро.

                                                                      Дали имавте тешкотии при конципирање-
                                                                  то  и  спроведувањето  на  овој  проект,  но  и  за
                                                                  кои  предизвици  зборуваат  спортистките?  На
                                                                  пример, гледам дека дел од вашиот избор е и
                                                                  Ива Пројковска − фудбалски судија од рангот
                                                                  ФИФА/УЕФА/ФФМ, која се пробива во машки-
           Ива Пројковска - Фудбалски судија од рангот ФИФА/      от свет на фудбалот на високо ниво.
           УЕФА/ФФМ /
                                                                    И. Кетоф: Можеби ова прашање повеќе тре-
                                                                  ба да им се постави на жените учеснички на
                                                                  оваа изложба, но и на фотографката Маја Ар-
                                                                  гакијева. Таа мораше да работи во ограничени
                                                                  рокови, со различни природни и временски ус-
                                                                  лови, со спортистки на високо ниво кои имаат
                                                                  напорен распоред. Што се однесува до тешко-
                                                                  тиите со кои се соочуваат самите спортистки,
                                                                  тие најдобро знаат како го достигнале нивно-
                                                                  то ниво, но сигурна сум дека не било секогаш
                                                                  лесно и дека сè уште наидуваат на пречки и на
                                                                  ограничувања.

                                                                       Кои  се  вашите  локални  соработници  за
                                                                  овој проект и зошто одбравте трговски центар?

                                                                    И.  Кетоф:  Нашиот  прв  партнер  е  Нацио-
           Катерина Николоска - Џудо                              налниот  олимписки  комитет  со  кој  решивме


    82                           октомври 2023
   1   2   3   4