Page 5 - msu izlozba
P. 5
УМЕТНОСТ
(фото: МСУ)
носта, од Украина до Јужна Африка, од
Чиле до Нов Зеланд.
Изложбата исто така има цел да ги
поврзе уметничките дела од колек-
цијата со местото каде што се наоѓа-
ат. Затоа историјата на градот Скопје,
земјотресот од 1963 година и обновата
се дел од приказната на обемната из-
ложба, проширена со заеми од Музејот
на град Скопје. Во овој дел од изложба-
та со документарна секција за Скопје,
трансформацијата на градот и приказ-
ната за МСУ и неговата колекција доку-
(фото: МСУ) менти, изложена е и макетата на Кензо
Танге со главниот план за центарот на
градот, позајмена од архивите на Му-
зејот на град Скопје.
Оваа макета е поставена заедно со
различни мапи од Институтот за урба-
нистичко планирање и реконструкција
Скопје, кои сведочат за истражувањата
и анализите каков би можел да биде но-
виот град. За да се истакне квалитетот
на реално изградените објекти, на из-
ложбата се претставени и 5 архитектон-
ски макети на постземјотресно Скопје,
дел од збирката на Јован Ивановски,
Ана Ивановска Дескова и Владимир
Десков.
Со својата временска посебност,
оваа специфична изложба е уникатно
огледало на историјата на современата
уметност, а ќе биде отворена до 28 јану-
ари 2024 година.
(фото: МСУ)
84 мај 2023

