Бројот на германски компании што поднеле барање за банкрот минатата година е највисок од 2014 година, покажаа официјалните податоци објавени денеска.
Судовите регистрирале 24.064 барања, што е зголемување од 10,3 проценти во споредба со 2024 година, објави Федералниот завод за статистика, пренесува агенцијата ДПА.
Само во декември, банкротите скокнаа за речиси 14 проценти.
Германската економија е во проблеми долго време, кои започнаа со пандемијата на коронавирусот, а потоа се влошија поради војната во Украина.
Минатата година, економијата регистрираше скромен раст од 0,2 проценти, по две последователни години рецесија во 2023 и 2024 година, кога имаше 20 проценти повеќе банкроти.
Најголемиот број на банкроти 32.687 беа регистрирани во врвот на глобалната финансиска криза во 2009 година.
Економските тешкотии на Германија доведоа и до зголемување на банкротите на потрошувачите, кои скокнаа за 8,4 проценти минатата година на 77.219.
Секторите што најмногу страдаа беа транспортот и складирањето, како и угостителството и градежништвото.
Фото Економија и бизнис





