Пожар во прочистителната станица гореше инсталација за пренос на метан во Мојанци

Пожар избувна синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Според информации од ТППЕ од Кочани, огнот се појавил на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Ова се случило околу 20:30 часот.

-Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат . Беше запален и зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе  нема опасност. Фабриката продолжува да работи, ни изјави доцна  синоќа, Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.

Предизвикана е само материјална штета, причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. 

Брзата реакција на кочанските пожарникари спречила  проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуална негово експлодирање. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано