Владата на Србија вчера донесе Одлука за привремено намалување на износот на акцизите за нафтените деривати. Според РТС, Министерството за финансии ги намали акцизите за 20 проценти. Одлуката на Владата е привремена и важи до 15 април.
На крајот на февруари, цената на нафтата БРЕНТ за барел на светскиот пазар беше 70,58 долари, а денес е дури 97,6 долари за барел. Тоа е зголемување од 38,2 проценти за само две недели.
Поради порастот на цените на суровата нафта на светскиот пазар, државата го презема товарот врз себе и го намалува износот на акцизата за безоловен бензин и дизел.
Ова значи дека акцизата за дизел, која моментално изнесува 74,04 динари за литар, ќе се намали на 59,23 динари за литар. Тоа е намалување од 14,81 динари за литар.
Акцизата за бензинот, која денес изнесува 72 динари, ќе се намали на 57,6 динари по литар. Ова е намалување од 14,4 динари по литар.
Одлуката е од привремен карактер и се предлага да се спроведе почнувајќи од денес, а завршува на 15 април 2026 година.
До 19 март е на сила забраната за извоз на нафта и нафтени деривати, а Владата ги исклучи бутанот, пропанот и автогасот од таа мерка.
Фото Економија и бизнис







