ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА ВОЗАЧИ НА АВТОБУСИ ВО ЗАГРЕБ, Градското претпријатие нуди платена преквалификација и плата од околу 1.950 евра

Градското претпријатие ЗЕТ од Загреб бара нови возачи на автобуси, а поради недостиг на работници, за прв пат целосно и веднаш ги покрива трошоците за преквалификација на кандидатите, пишува ХРТ.

За да привлече повеќе кандидати, ЗЕТ одлучи да ги подобри условите. Додека минатата година кандидатите сами плаќаа за преквалификација, а потоа бараа враќање на парите, оваа година трошоците се покриваат веднаш.

-Бараме 100 кандидати. Условите се минимална возраст од 24 години и поседување возачка дозвола од категорија Б или Ц. Искуството не е задолжително. Ова е единствена можност бидејќи има кандидати на кои им е тешко да ги покријат трошоците за преквалификација и обука, објасни портпаролот на ЗЕТ, Домагој Зеба.

Просечната плата на возач на ЗЕТ во јануари оваа година, со неоданочливи бонуси, изнесуваше 1.954 евра, пренесуваат хрватските медиуми.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано