„КРАТКОРОЧНО РЕШЕНИЕ е ослободувањето на 400 милиони барели нафта од резервите“, предупредуваат експертите

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви, што е најголемо во историјата на организацијата. Одлуката за ослободување на количини од стратешките резерви беше донесена едногласно од 32-те членки на ИЕА. Ослободувањето ќе се случи во временска рамка што е најсоодветна за условите во кои се наоѓа секоја земја, а повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

Корнелија Мајер, експерт за нафта и гас и извршен директор на „Мајер Рисорсис“, вели дека одлуката е важна, но не и магично решение бидејќи предложената количина ја задоволува глобална потрошувачка на нафта за неколку дена .

-Мораме сè да го ставиме во перспектива, може да се направи само одреден број работи. На крајот на краиштата, Ормускиот теснец треба повторно да се отвори. Исто така е потребно производителите од земјите од Персискиот Залив и Ирак да го рестартираат производството што го прекинаа, но овој процес ќе потрае, изјави Мајер.

Евентуалното ослободување на милиони барели сурова нафта од резервите на ИЕА би можело да го ограничи порастот на цените на енергијата на краток рок, но сè додека танкерите не поминуваат низ теснецот, инфлацијата ќе остане висока.

Доколку тоа се случи, тоа би било „многу тешко сценарио за глобалната економија, а особено тешко за земјите во развој, бидејќи тие повеќе нема да можат да си дозволат течен природен гас“, рече Мајер, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано