На 12 март 2026 година, во малата сала на Македонската филхармонија во Скопје, М6 Едукативен центарорганизира ексклузивен лидерски настан со меѓународно признатата лидерска стратег, TEDx говорник и автор на концептот Endurance Mindset®, Александра Панајоту од Атина, Грција. Таа ќе одржи мастер-клас на тема „The Endurance Mindset® for Resilience, Energy & Courageous Decisions“, наменет за лидери, менаџери и претприемачи кои носат одлуки во услови на висок притисок и сложени околности.
Настанот се организира по силниот интерес и исклучително позитивниот одзив од нејзината претходна посета на Скопје. Овојпат, програмата е проширена и продлабочена, со фокус на практични рамки и алатки кои им помагаат на лидерите да одржат јасност, стабилност и енергија во периоди на континуирана неизвесност и зголемени очекувања.
Во време кога светот се соочува со геополитички промени, економска нестабилност и растечка институционална одговорност, лидерството повеќе не се оценува само според резултатите, туку и според способноста на лидерите да останат смирени, принципиелни и храбри при носење одлуки во комплексни ситуации. Токму оваа перспектива е во сржта на концептот Endurance Mindset®, кој Панајоту го развива и применува во работата со компании и лидери низ Европа и пошироко.
Нејзиниот пристап ги комбинира психологијата, филозофијата и стратегиското лидерство, создавајќи практична рамка за управување со притисокот, енергијата и менталната издржливост. Според Панајоту, на лидерските позиции проблемот најчесто не е знаењето или интелигенцијата, туку способноста да се одржи долгорочна стабилност, фокус и енергија во динамични и непредвидливи средини.
Посебноста на нејзината методологија произлегува и од нејзиното лично искуство во спортовите на издржливост. Александра Панајоту е позната и по своите извонредни физички подвизи – меѓу кои и трчање на ултрамаратон долг 400 километри, искуство кое длабоко влијаело врз нејзиното разбирање на границите на човечката издржливост, дисциплина и ментална сила. Во интервју за медиумите, таа истакнува дека екстремните спортови ја научиле дека лидерството не е спринт, туку маратон, во кој најважни се стратегијата, темпото и способноста да се управува со сопствената енергија.
Покрај спортските предизвици, Панајоту во својата кариера отворено говори и за личните животни предизвици, вклучително и сериозни здравствени состојби со кои се соочила, а кои дополнително ја обликувале нејзината филозофија за лидерство, издржливост и лична трансформација. Овие искуства ѝ овозможуваат на нејзината методологија да биде не само теоретска, туку и длабоко практична и применлива во реалниот живот.
Настанот во Скопје ќе собере повеќе од 300 учесници, меѓу кои извршни директори, менаџери, претприемачи, претставници на институции и млади лидери. Покрај главното предавање, програмата предвидува и специјално гостинско обраќање, како и организиран networking прием, кој ќе овозможи размена на идеи, искуства и создавање нови професионални партнерства.
М6 Едукативен центар, како еден од најзначајните бизнис и лидерски хабови во земјата, континуирано работи на донесување врвни меѓународни експерти и програми во Македонија. Центарот со години соработува со експерти, тренери и предавачи од различни европски земји, меѓу со цел да се поттикне размена на знаење, лидерски практики и професионално искуство меѓу регионот.
Преку ваквите настани, М6 ја продолжува својата мисија да придонесува кон развој на современо лидерство, унапредување на бизнис културата и градење отпорни и одржливи организации кои можат успешно да се справуваат со предизвиците на современиот свет.
Настанот „The Endurance Mindset® for Resilience, Energy & Courageous Decisions“ претставува уникатна можност за професионалците и лидерите во земјата да стекнат нови перспективи, практични алатки и инспирација за носење храбри и одговорни одлуки во сложени времиња.





