ДЕЦЕНИСКИ РАСТ ВО ВООРУЖУВАЊЕТО НА СВЕТОТ И ЕВРОПА (ГЕРМАНИЈА СО НАЈВИСОК ТРОШОК ЗА АРМИЈАТА),  овој тренд веројатно ќе продолжи  и со себе носи дополнителни ризици, предупредување од СИПРИ

Глобалните воени трошоци се зголемија во 2025 година, единаесетта година по ред. Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI) предупредува дека овој тренд веројатно ќе продолжи  и дека со себе носи дополнителни ризици.

Трошоците за вооружување се искачи на околу 2,5 проценти од глобалниот бруто домашен производ во 2025 година, што е највисоко ниво од 2009 година. Ова значи дека владите не само што трошат повеќе во апсолутна смисла, туку и насочуваат поголем дел од своето економско производство кон војската.

Владите ширум светот потрошија вкупно 2.887 милијарди долари за бродови, авиони, ракети и друго оружје, според новите податоци од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI). Ова е највисокото ниво на воени трошоци досега.

„Јасно покажува како земјите реагираат на моменталните војни, тензии и геополитичка неизвесност“, рече Сјао Лианг, истражувач во Програмата за воени трошоци и производство на оружје на SIPRI.

Голем дел од растот на глобалните воени трошоци во 2025 година дојде од Европа. Трошоците на тој континент се зголемија за 14 проценти, на 864 милијарди долари.

Целосната руска инвазија на Украина во 2022 година го промени начинот на кој европските земји ја гледаат сопствената безбедност. Многу европски влади стравуваат дека Русија би можела да претставува поширока закана, не само за Украина. Како одговор на тоа, европските земји – особено членките на НАТО  ги зголемуваат трошоците за одбрана за да ги зајакнат своите војски и да спречат понатамошна агресија.

Во 2025 година, од земјите во Европа Германија потроши најмногу за армијата, а на светската листа е на четвртото место. Нејзиниот буџет за одбрана се зголеми за 24 проценти, на 114 милијарди долари. За прв пат од 1990 година, германските воени трошоци ја надминаа целта на НАТО од два проценти од бруто домашниот производ и достигнаа 2,3 проценти. За да ги финансира, германскиот парламент ги промени фискалните правила во 2025 година. Воените трошоци се ослободени од строгата „сопирачка за задолжување“ на Германија.

„Не мислам дека воената способност на Германија расте толку брзо како што сугерираат бројките“, рече Лианг. „Но, на долг рок, Германија станува воено посилна и понезависна“.

Покрај војната на Русија против Украина, растот на германските трошоци ја одразува и неизвесноста околу идните безбедносни гаранции на Соединетите Американски Држави. Како и другите сојузници на НАТО, Берлин се стреми да ја намали својата зависност од Вашингтон – особено откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги доведе во прашање обврските на алијансата за колективна одбрана.

Во 2025 година, Соединетите Држави останаа најголемиот трошач за вооружување во светот, со околу една третина од глобалните трошоци за одбрана. Сепак, нивниот удел постепено се намалува од 2020 година.

Кина остана втор најголем потрошувач за вооружување во светот во 2025 година и го зголемуваше својот буџет за одбрана секоја година во последните 31 година – подолго од која било друга земја следена од SIPRI.

Трошењето за воени потреби се зголеми за 7,4 проценти, бидејќи Пекинг го продолжи својот план за модернизација на своите вооружени сили до 2035 година. Минатата година, Кина тестираше прототипови на нови ловци од шеста генерација и се приближи до распоредување на својот невидлив бомбардер Х-20, објави Дојче веле.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано