МИЛАНО СТАНУВА „ПРЕСТОЛНИНА“ НА БОГАТАШИТЕ ОД СВЕТОТ И ОВАА ПОЗИЦИЈА ЈА ПРЕЗЕМА ОД ДУБАИ  

Комбинацијата од даночни олеснувања, стабилност и луксузен начин на живот го промовираа Милано во еден од најмоќните економски центри во Европа.

Додека до неодамна светот гледаше кон Блискиот Исток, особено кон Дубаи, денес се случува забележлив пресврт,  Милано станува новата глобална престолнина на капиталот. Масовното иселување на бизнис елитата од Дубаи повеќе не е само шпекулација, туку реалност што ја менува економската карта на Европа.

Клучна причина за оваа промена е италијанската даночна политика. Странските жители можат да го искористат фиксниот даночен систем од 300.000 евра годишно за приходи од странство, без оглед на неговиот износ. Додека Дубаи постепено воведува нови даноци, Милано нуди стабилност на правниот систем на Европската Унија, кој станува сè поважен за најбогатите.

Во исто време, градот доживува извонреден бум на недвижности. Модерните области како што се Порта Нуова и СитиЛајф го трансформираат градот во футуристичка метропола. Цените на недвижностите дури ги надминаа и оние на Венеција, при што просечната цена по квадратен метар се приближува до 6.000 евра. Луксузните станови во престижните квартови често се продаваат додека се уште се во фаза на планирање. Инвеститорите сè повеќе го преместуваат капиталот од нестабилните пазари во побезбедни европски средини, каде што долгорочните вредности на недвижностите остануваат попредвидливи.

Развојот на градот дополнително е забрзан со Зимските олимписки игри во 2026 година во Милано и Кортина, кои започнаа големи инфраструктурни проекти и ја зголемија глобалната видливост на градот. Новите случувања, подобрените транспортни врски и близината на трите меѓународни аеродроми го ставија Милано во центарот на интересот за глобалните корпорации.

Чувството на безбедност и квалитет на живот се исто така важни фактори. Поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, многу богати семејства избираат да се преселат во Ломбардија, каде што наоѓаат стабилна средина, врвна здравствена заштита и близина до Алпите и езерото Комо. Милано повеќе не е само моден главен град,  тој станува и важен технолошки центар. Се развива како европски центар за вештачка интелигенција и дигитална трансформација, привлекувајќи стартапи и инвеститори од целиот свет. Градот успешно ги комбинира традицијата, иновациите и квалитетот на животот, што го става на чело на глобалните трендови.

Сè повеќе меѓународни компании отвораат свои европски седишта во Милано, бидејќи градот нуди пристап до клучните пазари на ЕУ и висококвалификувана работна сила. Во исто време, локалните власти го поттикнуваат одржливиот развој, дигитализацијата и зелените проекти, дополнително зголемувајќи ја привлечноста на градот за долгорочни инвестиции, објави Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано