Вредноста на недвижниот имот во Дубаи паѓа за прв пат од глобалната пандемија,бидејќи регионалниот конфликт ја намалува побарувачката.
Според консултантска фирма со седиште во Дубаи, индексот на цените на домовите падна за 5,9 проценти во март во однос на претходниот месец, што претставува прв пад на проценките од 2020 година.
Податоците укажуваат на непосредното влијание на конфликтот врз пазарот на недвижности во Дубаи, кој е дел од Обединетите Арапски Емирати. Градот се потпираше на својот статус на даночен рај за да привлече иселеници и странски капитал на пазарот на недвижности, прилив што им помогна на цените да се опорават по долгиот пад и да скокнат за повеќе од 70 проценти од 2020 година.
Вредноста на продажбата на станбени недвижности во Дубаи се намали за речиси една петтина на 37,2 милијарди дирхами (10,1 милијарди долари) во март во споредба со претходниот месец. Исто така, се намалил и бројот на трансакции.
Според процените на експертите за недвижности, пазарот нема веднаш да се врати на претходните нивоа и се очекува одредено намалување на цените, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис






