Европската комисија подготвува револуција на бензинските пумпи низ Европската Унија! Во ЕК се размислува за воведување поевтино гориво, Е20, за борба против енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток, објави ексклузивно денес германскиот „Билд.де“. Станува збор за гориво кое содржи 20 проценти биоетанол. Предуслов за негово лансирање на европскиот пазар е промена на Директивата на ЕУ за квалитет на горивата.
Тројца членови на Германската христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Европскиот парламент, експерти за енергија, клима и транспорт, добија писмо од претседателот на Комисијата. „Според важечките прописи, максималната дозволена содржина на етанол во бензинот е 10 проценти (E10). Комисијата ја потврдува улогата што мешавините на биогорива со поголема содржина можат да ја играат во декарбонизацијата на постојните возни паркови. Како дел од прегледот на рамката за политиката за гориво, Комисијата ќе разгледа одобрување на повисоки нивоа на етанол (E20), земајќи ги предвид особено сите потенцијални проблеми поврзани со соодветноста на постојните мотори на возилата за ова гориво и потребата од поттикнување инвестиции во напредни биогорива.
Ова е пресвртница и поевтиното гориво сега би можело да се воведе низ цела Европа. Експертот за климатска политика Петер Лизе изјави дека „биогоривата се клучот за намалување на трошоците за гориво“.
Актуелната енергетска криза предизвика дискусии на многу нивоа за подобра употреба на биогорива. Ова вклучува не само премиум бензин, туку и дизел. Маслото од репка, особено, доаѓа во фокус како алтернативно и домашно произведено гориво. Според експертите цитирани од „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, маслото од репка е речиси со ист квалитет како дизелот. Иако маслото од репка има малку помала енергетска содржина на литар од дизелот, неговата поголема густина го прави речиси ист, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис







