ДОМАТИ „МАКЕДОНСКИ РОЗЕВ“ ПОСКАПИ ОД ЈАГОДИТЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ ВО СРБИЈА, увозни боровинки за 15 евра за килограм, малините за 30 евра

Граѓаните во Србија се непријатно изненадени од цените на овошјето и зеленчукот на пазарите во Србија  во април поради различни ценовни трендови. Поголемата понуда на одредени производи, пред сè јагоди и краставици, доведе до пад на цените, додека некои други градинарски се продаваат по повисоки цени.

На пазарите во Белград, цената на јагодите по килограм е 500 динари, додека помала кошничка од 250 грама се продава за 250 динари. Продавачите велат дека има интерес, но дека откупот е претежно сведен на помала количина. Понудата вклучува увезени боровинки по цена од 1.700 динари по килограм (15 евра), како и увезени малини, кои достигнаа дури 3.500 динари по килограм (30 евра).

Најголемото изненадување оваа година дефинитивно се доматите, чија цена достигнува неверојатни 700 динари по килограм (шест евра). Станува збор за таканаречениот „македонски розов“, додека обичните домати се нешто попристапни и се продаваат за околу 500 динари, пишуваат медиумите во Србија.

Најниската цена на доматите е во Лесковац, каде што чини до 300 динари, додека потрошувачите во Белград, Нови Пазар, Шабац, Панчево и Сремска Митровица плаќаат најмногу  од 500 до 700 динари.

Младата зелка, чија цена е околу 150 динари за килограм (1,30 евра), е шок за купувачите на пазарите овие денови. Минатата година младиот кромид (три парчиња во еден врзоп) чинеше 100 динари, деновиве едно парче се продава за 100 динари.

Младите компири се продаваат за  цената од 700 динари. Цената на пиперката „црвен клас“ се движи до 700 динари за килограм ( 6 евра), а. Бабурата се продава за  500 динари.

Килограм увозна боранија чини 500 динари.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано