Под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“ денеска во Скопје ќе се одбележи Националниот ден на мигрената, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија.
Организаторите посочуваат дека одбележувањето има цел да ја информира јавноста за влијанието на мигрената врз квалитетот на животот и значењето на навремена дијагноза и соодветен третман.
Настанот ќе се одржи во 12 часот во големата сала на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, со цел подигнување на јавната свест за мигрената како сериозно невролошко заболување.
Фото Економија и бизнис







