Oд вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка,  презентиран напредок во Реформската агенда на Македонија пред амбасадорите на ЕУ

Првиот заменик вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали денеска на состанок со шефовите на мисии на земјите членки на ЕУ го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027.

Како што посочуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања, од вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка, со што би се овозможило ослободување на околу 70 милиони евра финансиска поддршка.

Нагласуваат дека веше истакнат напредокот во клучните области како управување со јавни финансии, енергетска транзиција, човечки капитал и деловна средина, кои придонесуваат за подобро управување и усогласување со ЕУ стандардите. Истовремено, беше нагласено дека остануваат предизвици, особено во делот на сложените законски реформи и чекорите во рамки на грејс периодот. Владата ја интензивира координацијата и соработката со Европската комисија.

-Реформската агенда значи конкретни резултати за граѓаните и зајакнување на довербата во институциите, истакнал вицепремиерот Сали.


Фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Повеќе од истиот автор

Најчитано