БРИТАНЦИТЕ КОИ ПЕРАТ АЛИШТА ЗА ВИКЕНД ЌЕ ДОБИВААТ БЕСПЛАТНА СТРУЈА

Националниот оператор на енергетскиот систем во Велика Британија  претстави нова програма која ги охрабрува граѓаните да ја зголемат потрошувачката на електрична енергија во периодите од денот и неделата кога има вишок енергија. Британците кои перат алишта или мијат садови за време на викендот ќе бидат наградени со бесплатна  електрична енергија.

„Домаќинствата со паметни броила ќе бидат наградени преку нивните добавувачи на енергија или апликации од трети страни со тоа што ќе користат апарати како што се машини за перење, машини за миење садови или полначи за електрични возила за време на периоди на вишок енергија“, се вели во соопштението на операторот за снабдување со енергија.

Побарувачката за електрична енергија е обично помала за време на викендите, празниците или кога времето е потопло.

Велика Британија плати речиси 1,5 милијарди фунти во 2025 година за трошоците за изгубена енергија од ветер.

Од операторот информираат дека побарувачката на преносната мрежа може да падне на рекордно ниско ниво ова лето, бидејќи се зголемува употребата на соларни фарми и соларни панели.

Затворањето на Ормускиот теснец во февруари предизвика вртоглаво зголемување на цените на бензинот и нафтата низ целиот свет.

Како резултат на тоа, многу домаќинства во Велика Британија се свртеа кон соларни панели и топлински пумпи за да избегнат зголемување на сметките за енергија, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано