РУСИЈА ПРОФИТИРАШЕ ОД КОНФЛИКТОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) денес соопшти дека Русија ги дуплирала приходите од извоз на нафта во март, благодарение на конфликтот на Блискиот Исток.

МАЕ во својот месечен извештај наведува дека извозот на руска сурова нафта се зголемил за 270.000 барели дневно во март во споредба со февруари, достигнувајќи 4,6 милиони барели дневно, главно поради зголемувањето на поморските испораки, бидејќи нафтоводот „Дружба“ сè уште не е во функција.

Агенцијата соопшти дека приходите од извозот на руска нафта и нафтени производи речиси се дуплирале на 19 милијарди долари во март, во споредба со 9,75 милијарди долари во февруари, поради повисоките глобални цени на нафтата.

Додаде дека производството на руска сурова нафта се зголемило на 8,96 милиони барели дневно минатиот месец, во споредба со 8,67 милиони во февруари.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано