ЃУБРИВОТО ПОСКАПО ЗА 30 ОТСТО, ТРОШОЦИТЕ ПОВИСОКИ ЗА 150 ЕВРА ПО ХЕКТАР

Поради актуелните трендови на глобалниот пазар на енергија предизвикани од војната на Блискиот Исток, веќе има корекција на цените на вештачките ѓубрива, за малку повеќе од 30 отсто во споредба со претходниот период, велат од хрватската компанија Петрокемија.

-Планирани се приближно 100.000 тони минерални ѓубрива за домашниот пазар пред пролетната сеидба. Снабдувањето на хрватскиот пазар и домашните земјоделци е сè уште наш приоритет, а преостанатите количини ќе бидат пласирани на извозните пазари, одговорија од Петрокемија за Сеебиз.

Во Хрватската земјоделска комора (ХЗК) нема сомнение дека ќе има доволно ѓубриво за пролетната сеидба, но предупредуваат за цената.

-Ѓубривото што се користи при пролетната сеидба поскапе од 350 евра по тон на 450 до 500 евра, а кога на тоа ќе се додаде и зголемувањето на цената на синиот дизел, кој се зголеми пред три недели, од 0,76 на 0,80 евроценти по литар, а сега на 0,89 евроценти, трошоците на земјоделецот по хектар ќе бидат за 100 до 150 евра повисоки од минатата година, во зависност од житарките, објаснува Мато Брлошиќ од HPK.

За еден хектар одгледување жито се потребни помеѓу 3,5 и 4 тони ѓубриво, чија цена се зголемила за 30 отсто, а во исто време, цената на пченицата останала на нивото од пред 25 години, односно еден тон пченица денес чини 170 евра. Со сегашните цени на ѓубривото потребно е да се издвојат 700 до 800 евра.

-Ако цената на пченицата не се зголеми, само ќе создадеме загуби. Трошоците се неодржливи, луѓето ги користат последните залихи, а со овие цени не можат да инвестираат во нови машини, нашите трактори се стари од 35 до 40 години, а ние ќе работиме колку што можат тракторите, бидејќи нема пари ниту да ги одржуваме ниту да купуваме нови, вели Брлошиќ.

Со оглед на тоа што ѓубривата во просек сочинуваат од 15 до 30 отсто од влезните трошоци на земјоделците и дека секторот на полјоделски култури е веќе под силен притисок, со негативни маржи регистрирани трета година по ред, оваа ситуација би можела да ескалира во многу земји-членки на ЕУ, според HPK.

Хрватска годишно произведува повеќе од три милиони тони житарки и околу 450.000 тони маслодајни растенија, објави Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано