На 18 и 19 јули 2026 година, во прекрасниот амбиент на„ Пирин Парк Хотел “ во Сандански, Р. Бугарија, се одржа 7-мата Национална трговска конференција на финансиското друштво М КЕШ. Овој традиционален годишен настан на едно место го собра целиот тим на компанијата, со цел да се сумираат постигнатите успеси, да се постават новите стратешки цели и достоинствено да се прослават сите заеднички достигнувања.

Оваа година, конференцијата ја носеше емотивната порака „Блиску до луѓето, силни во бизнисот“ – слоган кој не беше само тема на настанот, туку срцето и душата на целата средба. Оваа порака ја потврдува длабоката филозофија на компанијата: успешните компании не се препознаваат само по тоа што го продаваат, туку по луѓето кои со својата енергија, труд и посветеност го градат секој успех.
Конференцискиот дел, беше поделен во три работни сесии и беше исполнет со продуктивни дискусии, презентации на нови идеи и анализа на постигнатите резултати. Фокусот беше ставен на натамошно подобрување на услугите за клиентите, дигитализацијата и јакнењето на позицијата на пазарот.
„Талентот создава идеи, посветеноста ги претвора во резултати, а заедништвото гради компании што траат!“ – беше една од главните пораки што оддекнаа за време на официјалниот дел.
Како посебен и најемотивен момент од конференцијата, следеше официјалното доделување на годишните награди. Со огромна благодарност за посветеноста и остварените резултати, беа прогласени и наградени најефективните и најдобрите М КЕШ Подружници за изминатиот период.
Покрај тимските достигнувања, компанијата оддаде посебно признание и на индивидуалниот труд. Најдобрите поединци, кои со својата истрајност, посветеност и професионализам остварија врвни резултати, беа наградени со ексклузивни патувања– како искрена благодарност и валоризација на нивниот клучен придонес во растот и успехот на М КЕШ.
По завршувањето на официјалниот дел и свеченото врачување на признанијата, следеше посебен сегмент посветен на дружењето и релаксацијата. Учесниците имаа можност да уживаат во специјално организираната посета на импресивниот вински комплекс AYA Estate Vineyards, која е дел од истата групација
Тимот уживаше во специјално организираната обиколка на винаријата, незаборавниот природен амбиент и искреното дружење. Секако, неизбежен дел од ова искуство беше дегустацијата на специјално одбраните премиум вина, каде што совршената комбинација на врвната капка и креативно подготвените специјалитети од традиционалната и интернационалната кујна ги воодушеви и најпребирливите гурмани, будејќи хедонистички моменти кои уште долго ќе се паметат.
Свечената вечера и забавата беа совршен крај на оваа јубилејна средба. Со многу насмевки, споделени моменти и зацврстени пријателства, тимот на М КЕШ уште еднаш покажа дека заедништвото е нашата најголема сила – подготвени и посплотени од кога било за сите идни деловни успеси.
Со оваа 7-ма конференција, М КЕШ уште еднаш докажа дека вложувањето во луѓето и зачувувањето на силните тимски вредности се главниот мотор на нејзиниот долгорочен успех.































